Кога температурите ќе се покачат над 30 степени, долгите коси мора да се подврзуваат, бидејќи навистина придонесуваат за затоплување на вратот и зголемување на телесната температура.
Летото е идеално време за испробување на најразлични варијанти за правење на пунџи. Со оглед на тоа што температурите започнаа да растат, пуштената коса веќе не звучи како добра идеја.
Банана пунџата е начин за стилизирање на косата кој ги освои жените ширум светот, па во последно време Инстаграм е преплавен со фотографии од оваа фризура.
Со оваа фризура ќе изгледате елегантно, а косата нема да ви пречи и нема да ви биде премногу топло – вистински спас за летниот период.
Дополнителен плус е секако, фактот, дека за нејзиното правење нема да ви биде потребна посебна вештина и ќе имате совршена фризура на која сите ќе ви завидуваат.
Во видеото подолу може да погледнете како изгледа целиот процес за правење на оваа интересна фризура, а во второто видео подолу, може да погледнете уште 10 слични пунџи кои исто така се прават со само неколку потези. Уживајте и секогаш бидете убави.