Нежни и пуфкасти, се грицкаат како пуканки, кога ќе почнете не знаете за доста, ама да не ви ги фалам многу, пробајте ги сами.
Потребни состојки:
200 г путер
200 мл јогурт
500 г брашно +-
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
1 јајце
1 прашок за печиво
за полнење и наросување:
Џем
Шеќер во прав
Ванилин шеќер
Постапка:
Изматете го путерот со шеќер и јајце, па додадете јогурт, печиво, брашно и сол, па кога ќе се замеси тестото тоа е убаво, компактно и лесно се развлекува.
Тестото поделете го на два дела. Набрашнете ја работната површина, па со оклагија развлечете кора во круг, па исечете на тријаголници. Колку се помали толку се поубави.
На секое тријаголниче ставете по малку џем, па свиткајте ги кифличките и редете ги на намастен плех. Истото направете го и со вториот дел.
Печете ги на 180-200 степени и кога ќе започнат да заруменуваат извадете ги, мора да останат речиси бели. Печените кифлички валкајте ги во шеќер во прав помешан со ванилин шеќер.
coolinarika.com