Пудинг и бисквити…Најбрзиот и најмекиот колач досега…Се прави за 5 минути, можете да го менувате вкусот и секојпат да имате нов колач…Овојпат го направивме со пудинг од чоколадо. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 250 мл):

750 мл млеко (3 чаши)
80-125 г шеќер (1/2 чаша)
25 г какао во прав (2 лажици)
7 г агар-агар (желатин)
125 г црно чоколадо (или бело за ванила или овошни вкусови)
24 бисквити (или по потреба)

*Можете да користите и само: 750 мл млеко, 40 г пудинг, 10 г желатин, шеќер по вкус. Шеќерот е најдобро да се одреди по вкус, во зависност од бисквитите што ќе ги користите…

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад сад измешајте млеко со шеќер и агар-агар.

2.Просејте го какаото во прав, па изматете да се соедини.

3.Истурете ја смесата во тенџере и загревајте на средна топлина.

4.Додајте го чоколадото и продолжете да готвите додека тоа да се стопи, а смесата да се згусне.

5.Во калап прелијте една кутлача од смесата со чоколадо.

6.Наредете еден ред бисквити. Одозгора повторно залијте од чоколадната смеса.

7.Постапката повторете ја со остатокот од материјалот. Ставете го во фрижидер најмалку 3 часа. Овој колач можете и да го замрзнувате, а во обичен фрижидер рокот на траење е до 5 дена. Постапката погледнете ја ОВДЕ.