Да се биде емпат во денешно време е проклетство. Често страдам поради неправдите што ми ги нанесуваат други луѓе, навредите од блиски роднини и пријатели, предавствата од најблиските до мене.
Во еден момент се чувствував толку очајно, па побарав совет од психолог за да дознам зошто сите лоши работи ми се случуваат токму мене. „Што не е во ред со мене?“, го прашав психологот, а тој ми одговори:
„Ти си емпат. Сè е во ред со тебе, би било убаво кога цел свет би бил како тебе, но не е. Емпатите се сè поретки во денешно време и затоа страдаш. Мора да научиш како да се заштитиш од другите луѓе.
Лошите луѓе, „предаторите“, можат на километар да ве намирисаат вас емпатите, и многу лесно да станете нивни плен. Само со развиена свест за она што сте, за вашата пречувствителност и способност да сочувствувате со другите луѓе, може да научите како да се заштитувате себеси од нападите на предаторите“, беше советот на мојот психолог.
Емпатите често се занемаруваат себеси за сметка на другите: недоволно дискутираната темна страна на емпатијата. Голем број луѓе ја гледаат емпатијата како многу позитивна работа, но има и темна страна на емпатијата за која не се зборува доволно.
Иако способноста да се покаже емпатија и да се даде поддршка може да биде од голема корист за некого, па дури и да му го спаси животот, емпатите ја преземаат енергијата на тие луѓе врз себе, што воопшто не е добро за нив. На емпатите понекогаш им треба долго време за да се вратат во нормала и да се опорават.
Многу емпати го гледаат својот подарок како проклетство затоа што понекогаш плаќаат висока цена за тоа. Емпатите често се запоставуваат себеси заради другите, што може да има многу негативно влијание врз нив. Емпатите не поднесуваат туѓа болка и страдање и сакаат да видат свет полн со љубов, мир и меѓусебно разбирање.
Преземањето на чувствата на другите луѓе може да ги оптоварува емпатиите и да ја наруши нивната рамнотежа. Емпатите сакаат да го спасат светот, но понекогаш тоа значи дека треба да се жртвуваат себеси. За да се вратат во рамнотежа, им треба многу време и самотија.
Емпатите покажуваат сочувство дури и за луѓе кои не ги познаваат, дури и за минувачите што може да им предизвика голем стрес на дневна основа. Многу е важно емпатите да се заштитат себеси и својата енергија, што понекогаш им е тешко.
Емпатијата не е добра ако личноста што покажува емпатија мора да трпи за другата личност да се чувствува добро. На светот дефинитивно му требаат повеќе луѓе како емпатии кои се способни да покажат сочувство кон сите.
Сепак, самите емпатии мора да научат како да се заштитат од лошите луѓе кои ги користат само за свое добро. Дали сте жртва на нарцистичко злоставување? Како се однесува партнерот со вас – одговорете на прашањата – ОВДЕ.