Ракот е една од најопасните болести која честопати е фатална. Ракот на бели дробови стана честа појава во целиот свет кој предизвикува смрт кај голем број мажи и жени.
Сепак, постои заблуда дека само пушачите се изложени на ризик од рак на бели дробови.
Факт е дека околу 20% од луѓето кои страдаат од рак на бели дробови се непушачи.
Според Американското здружение за рак, загадувањето на воздухот, дизел-издувните гасови, радонот и чадот се потенцијални агенси кои предизвикуваат рак и го зголемуваат ризикот од рак на бели дробови.
Најдобар начин да се излечи ракот на бели дробови е да се открие во рана фаза. Колку побрзо ќе се дијагностицира ракот, толку е побрзо опоравувањето од болеста.
Ова се некои од раните симптоми и знаци за рак на бели дробови што не треба да се игнорираат:
Почести заболувања (настинки и болести на респираторните патишта)
Почестите заболувања од грип, настинка, пневмонија и бронхитис може да бидат резултат на депресија на имунолошкиот систем.
Докторите велат дека ракот има лош ефект врз ткивото на белите дробови и бронхите, па поради тоа може да дојде со зголемување на болестите поврзани со респираторниот систем.
Необјаснето губење на тежината би можело да значи:
Ракот на белите дробови го намалува апетитот и на тој начин болниот се чувствува сит многу побрзо и го губи интересот за храната. Докторите сугерираат водење на евиденција за времето кога болниот не чувствува потреба од храна.
Во случај кога луѓе со вишок килограми го изгубат апетитот за храна, може да станува збор за труење со храна, гастроинтестинални заболувања, алергии на храна или ПМС кај жените.
Но, ако причината за губење на апетитот е необјаснета, тогаш треба да се обратите на лекар за целосна проверка за да се потврди дека тоа слабеење не се должи на рак на белите дробови.
Болка во прстите
Да, тоа е точно дека болните и задебелени прсти се типичен знак за рак на белите дробови. Хемикалиите од туморот на белите дробови што се испуштаат во крвта, доведуваат до поттикнување на коската и ткивото за раст на врвовите на прстите на рацете и под ноктите.
Докторите посочуваат дека веднаш треба да се консултирате со лекар ако ви се појави оток и задебелување и прстите.
Болка во торзото
Досадна болка во областа на рамото, градите, стомакот или грбот може да биде резултат на притисокот создаден од ракот на белите дробови. Болката во градите е најчест симптом кој се јавува кај еден од четворица пациенти кои страдаат од рак на белите дробови.
Дали повремено гласот ви станува рапав?
Постојана кашлица, искашлување на крв, отежнато дишење, рапав глас и болка при голтање се силен показател за рак на белите дробови. Ова се заеднички знаци за оваа болест. Соодветна проверка со консултации од лекар е најпотребно во оваа фаза.
Останување без здив
Овој симптом е честа појава кај жените кои би можеле да го игнорираат како пропратен ефект на процесот на стареење или неактивност. Но, скратен здив е нешто што не треба никој да го игнорира.
Тоа може да биде знак за аденокарцином кој е заеднички рак на белите дробови кај жените.
Слабост во горните екстремитети
Грчеви во мускулите, губење на координацијата и слабост во долните екстремитети се знаци на паранеопластичниот синдром кој е тесно поврзан со ракот на белите дробови.
Ова се јавува како резултат на хормоните кои се секретираат од страна на туморот во белите дробови.
Раст на градите кај мажи
Ова е најчестиот знак меѓу луѓето за кој всушност помалку се зборува. Зголемување на градите кај мажите околу и под брадавицата е резултат од рак на бели дробови.
Тоа е исто така, симптом на паранеопластичниот синдром кој е спореден производ на ракот на бели дробови.
Не ги игнорирајте било кој од овие симптоми од рак на бели дробови и консултирајте се со лекар веднаш штом ќе ги почувствувате некои од овие знаци.
Споделете ја оваа статија со вашите пријатели за да се зголеми свеста за ракот на белите дробови и да се научат да се препознаваат симптомите.