Home печено месо ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ…Свински ребра во специјална маринада…

ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ…Свински ребра во специјална маринада…

ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ…Свински ребра во специјална маринада…

Рецепт за крцкави свински ребра во специјална маринада. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг свинско ребра
сол по вкус

Прва маринада:
1 лажичка лук во прав
1/2 лажичка мускатно оревче
1/2 лажичка чили
1 лажичка црн пипер во прав
1 лажичка слатка црвена пиперка во прав
сок од 1/2 лимон

Втора маринада:
3 супени лажици маслиново масло
3 лажици кечап
табаско, неколку капки по вкус
1 лажичка мед

ПОСТАПКА:

Ребрата исчистете ги од тенката мембрана-ципа, па посолете ги. Сите состојки од првата маринада помешајте ги и со неа премачкјате ги ребрата од двете страни. Оставете ги да одлежат во фрижидер 2 часа.

Рерната загрејте ја на 160 степени и печете ги ребрата во плех обложен со хартија, 1 час. Потоа превртете го месото и печете уште 35 минути на 170 степени.

Измешајте ги состојките за втората маринада, па премачкјате ги ребра со една третина од сосот и печете 15 минути на 170 степени.

Потоа превртете го месото и премачкјате го со 1/3 од сосот и продолжете со печење уште 10-12 минути на 170 степени. Превртете го уште еднаш и премачкјате го со остатокот од сосот.

Исклучете ја рерната и печете го месото во загреаната рерна уште 10 минути. Потоа ребрата можете да ги сечете на парчиња и да ги послужите. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

Целата тајна е во маринадата: Рецепт за празнични наjсочни ребра