Макароните се едни од омилените тестенини, зашто совршено ги впиваат вкусовите на сосовите со кои ќе се послужат. Можат да се варат или да се печат, да се послужат како главно јадење или како прилог. Овојпат ви претставуваме еден многу убав рецепт кој можете да го прилагодите по сопствен вкус, но неговата тајна се крие во белиот сос. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г тестенини, 2 главици кромид, 2 чешниња лук, 400 г мелено месо, 3 домати, 20 г доматна паста/сос, сол, црн пипер, мајчина душичка по вкус, црвена зачинска пиперка. ЗА БЕЛ СОС (бешамел): 1 литар млеко, 70 г брашно, 60 г путер, сол, 20 г кашкавал и уште 100 г рендан кашкавал за одозгора




ПОСТАПКА: Кромидот исчистете го и ситно исечкјате го. Во тава сипете 20-тина мл масло и ставете да се загрева на умерена температура. Додајте го сечканиот кромид и рендан лук, па динстајте со повремено промешување додека да омекне.




Потоа додајте 400 мл мелено месо и пржете го неколку минути додека да испари сокот што ќе го испушти и да ја промени бојата. Потоа додајте три рендани/мелени домати со средна величина (или ако имате салца од зимница) и една лажица доматно пире/паста. Додајте зачини по вкус.




Убаво промешајте и динстајте го месото уште кратко време додека сите вкусови да се соединат. Кога е готово тргнете го настрана и започнете да ги подготвувате макароните. Во големо тенџере ставете да зоврие вода, па додајте една лажичка сол и една лажица масло.




Сипете ги макароните, промешајте ги и од моментот кога повторно ќе зоврие водата варете ги онолку минути колку што е назначено на амбалажата. Не ги преварувајте. Процедете ги од водата или извадете ги со решеткаста лажица. Во меѓувреме ставете да се растопи 60 г путер во длабока тава или тенџере.




Штом се растопи путерот (на тивко), додајте 70 г брашно и мешајте додека да се запржи неколку минути за да ја промени бојата. Потоа започнете постепено да го додавате млекото. Мешајте непрекинато за да не се создадат грутчиња.




Гответе го сосот додека малку да згусне, па додајте сол и рендан кашкавал. Мешајте додека да се растопи и уште малку да згусне како течен јогурт, па сипете ги сварените и процедени макарони. Промешајте за да го впијат сосот рамномерно, па тргнете го тенџерто настрана од огнот.




Огноотпорен сад со средна величина намастете го на дното и страните со 20 мл масло, па сипете и распоредете половина од макароните. Потоа распоредете го целото мелено месо, а одозгора покријте со втората половина од макароните.

Израмнете, наросете рендан кашкавал одозгора и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 35 минути или додека убаво да зарумени. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.