Денес ќе говориме за здравјето кај секој човек, а најчестите проблеми кои можат да се јават во текот на животот се кардиолошките.
Многу е важно да се следи здравствената состојба и да се препознаат симптомите кога нешто не е во ред. Доколку се сомневате дека можеби нешто не е во ред со вашето тело, може да направите и кратки самостојни тестирања, но секако, потребно е да отидете и на лекар и да ги направите потребните прегледи.
Така, неодамнешните студии покажаа дека луѓето кои имаат доста еластични ножни прсти, исто така, имаат и здраво срце.
За да проверете колку ви е силно срцето, седнете на под, испружете ги нозете пред вас. Испружете ги хоризонтално и вашите раце, па обидете се да ги допрете врвовите од прстите.
На овој начин ќе дознаете колку всушност телото ви е еластично. Во една студија која била направена во Америка, биле вклучени 526 лица на возраст од 20 до 80 години. Сите тие имале слабо срце и не можеле да ги допрат своите ножни прсти во оваа положба. Повеќето биле на возраст од преку 40 години.
Дали ја пробавте оваа вежба? Обидете се да ја направете, а доколку сакате споделете го вашето искуство во коментар.
Исто така, можете да ја проверите и вашата циркулација.
Постои еден едноставен тест, кој може да биде индикација за згрутчување на крвните садови, состојба, која е причина за мозочни и срцеви удари и смрт!
Еве што треба да направите:
Наполнете чаша со ладна вода и ставете ги внатре врвовите од прстите околу 30 секунди. Потоа, погледнете ги и утврдете ја нивната боја!
Во каква боја се обоија врвовите од прстите по тестот од 30 секунди и што тоа значи:
Ако прстите станале бели или сини, тоа би можело да значи дека имате проблем со циркулацијата, односно, крвните садови се стеснуваат и не дистрибуираат доволно крв во прстите, носот и ушите.
Познато е дека лошата циркулација, најчесто е како последица на згрутчувања во крвните садови, кои се особено опасни доколку се придвижат низ телото.
Тие можат да ги затнат артериите во срцето или главата и да предизвикаат инфаркт.
Доколку прстите не ја променат бојата, можете да бидете спокојни, но тоа не значи дека треба да ги занемарите редовните медицински прегледи!