Рецепт на Виолета од Летина кујна. Најдобриот природен лек за холестерол и триглицериди – проверен рецепт. За овој рецепт ви се потребни само 2 состојки, кои постојано ги имате дома.
После опера-цијата на тироидната жлезда ми се појавија разни ком-пликации. Имав покачен холестерол и триглицериди, иако никогаш во животот досега не сум имала таков проблем.
Одев на разни консултации со лекари интернисти, го пробав секој лек, дури докторот ми препиша поголема доза. Правев доплер на кр-вните садови, притисокот постојано ми беше висок кога и да легнев навечер.
Постојано чувствував некое непријатно чувство во градите, па се досетив на еден рецепт кој често го правеше баба ми. Имав надеж дека проблемот ќе го решам со лековите, иако тие минимално ми помагаа.
Отсекогаш сум се насочувала кон природните лекарства околу аптекарските лекови. Овој лек се подготвува многу едноставно и може да го направите и вие. Ептен е лесен и брз, а толку многу ми помогна на мојата состојба што сум многу благодарна што се досетив на рецептот и баба ми.
Потребни состојки: 300 г излупен лук, 1 кг лимон, 1,5 литар вода.
Постапка: Лимонот го оставив преку цела вечер да отстои во вода со сода бикарбона. Додадов 5 – 6 лажици сода бикарбона. Најпрво сомелете го лукот. Може и да го сечкате со н ож поситно колку можете, но најдобро и најлесно е да го сомелете во блендер.
Кога ќе се формира како паста, префрлете го во подлабок сад каде што ќе ја подготвувате смесата. Потоа лимоните исечете ги на половина, а потоа на четвртини за може подобро да се сомелат. Исчистете ги од семките зошти тие премногу горчат.
За овој рецепт ви е потребно 1 кг лимони. Јас ги блендирав лимоните на неколку пати бидејќи не ги собираше сите во блендерот. Секоја тура од блендирани лимони (заедно со кората) ја додавав во чинијата со блендиран лук.
Откога ќе ги изблендирате сите лимони, соединете ги двете состојки во садот, така што ќе добиете густа, кашеста смеса.
Потоа во тенџере на рингла ставете 1,5 литар вода. Почекајте водата да зоврие, а потоа намалете ја температурата на умерено. Во зовриената вода додајте ја претходно направената смеса од лимон и лук.
Смесата е потребно да се вари само 15 минути. После 15 минути, ќе добиете зеленикава смеса. Оваа смеса може да ја процедите доколку пречат покрупните делчиња што останале неизблендирани.
Мене не ми пречат и напитокот вака го складирам во тегла и исто вака го пијам. Лекот мора да се складира во стаклено стерилизирано шише, никако не го чувајте во пластичен сад.
Од оваа доза ми излегуваат околу 2 големи шишиња. Терапијата трае 25 дена, се пие наутро и навечер по 1 раки-ена чаша пред појадок и пред вечера.
После 25 дена, се прави пауза од 10 дена и потоа повторно се спроведува терапијата од 25 дена. После вториот третман се прави пауза од 6 месеци. За ова време, организмот ќе се прочисти и повеќе никогаш нема да имате проблем со холестерол и триглицериди.
Овој лек може да се пие и за покачен притисок, масен црн дроб, детоксикација на организмот, а за да се уверите во придобивките на лекот – направете лабораториска анализа на кр-вната слика после терапијата. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска
Прочитајте ја и следната статија: Започнете го пролетното чистење со напиток кој го лекува целиот организам
Да се биде доволно хидриран е многу важно за организмот. Иако понекогаш ни се чини дека немаме таква потреба од вода за време на постудените денови, на нашето тело му треба редовно внесување на течности во текот на целата година, бидејќи на тој начин придонесуваме за подобра рамнотежа на целиот организам.
Оваа вода за детоксикација можете да ја пиете во текот на целиот ден затоа што е вкусна и истовремено оптимално го хидрира вашето тело.
Потребни состојки: 2 л вода, 1 цитрон пресечен на прстени, 2 лимони исечени на прстени, 2 свежи краставици исечени на прстени, 1 грст свежи листови од нане.
Подготовка: Исечете ги сите овошја и краставиците на потенки прстени и ставете ги во бокал. Врз нив прелијте ја водата. Процедете го овошјето малку со дрвена лажица за да ги ослободите нивните вкусови. Ароматичната вода чувајте ја во фрижидер.
Оваа количина на вода е потребно да ја испиете во текот на денот. Откако ќе ја испиете водата првиот ден, може да додадете нова вода во истиот бокал со истите овошја.
За успешен ефект на детоксикација, ве советуваме да го консумирате овој освежителен пијалак во период од 7 дена. Потребно е водата да отстои 8 часа во фрижидер пред консумирање или во текот на целата ноќ.
Начинот на кој го започнуваме денот е важен, па затоа е важно да се усвојат некои ритуали и навики кои ќе ја подобрат целокупната состојба на телото. Консумирањето чаша топла вода на празен стомак има бројни здравствени придобивки.
Помага при слабеење
Доколку испиете една чаша вода на празен стомак веднаш штом станете од кревет, ќе го забрзате метаболизмот, а на тој начин ќе отпочне процесот на пржење на мастите и намалување на килограмите.
„Конзумирање топла вода дополнително го чисти дигестивниот систем и спречува подуеност и помага да се исфрли вишокот течности во организмот“, велат нутриционистите.
Помага при лекување на респираторни инфекции
Ако имате инфекција на грлото и синусите, истренирајте го вашето тело да пиете чаша млака вода наутро. „Ако имате затнат нос, тоа помага да се исчистат и отворат дишните патишта бидејќи топлината побрзо ќе ја расчисти слузта. Температурата на течноста што ја пиеме исто така може да влијае на симптомите на настинка.“
Влијае на здравјето на забите
Помалку е познато дека една чаша млака вода на празен стомак влијае на здравјето на забите, но експертите истакнуваат дека тоа е одличен ритуал. „Некои бели пломби може да омекнат поради студената вода и на тој начин да се одделат од забите.“ Најдобро е да пиете вода на собна температура.
Го стимулира правилното варење на храната
Топла вода го стимулира протокот на к-рв во цревата и го подобрува варењето на храната. Нутриционистите додаваат дека за разлика од ладната, топла вода хидрира побрзо. Доколку пиете топла вода половина час пред оброк, ќе го подобрите варењето на храната.
Ја намалува бол-ката
Со топла вода се постигнува подобар проток на к-рв во ткивата и им се овозможува на мускулите да се релаксираат, што ја намалува бол-ката. Дополнително, ако пиете топла вода пред спиење, ќе заспиете побрзо и ќе бидете сити подолго, така што нема да се будите навечер поради чувство на глад. А кога ќе се разбудите, ќе бидете свежи. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска