Пишува билкарот Мартин Најдовски: Лек за воспалено грло, болки во грлото и воспаление на крајниците
Потребни состојки:
80 г мелено семе од ким
200 мл вода + 50 мл вода
1 лажица коњак
Постапка:
80 грама семе од ким се меле на машинка за кафе, па се прелева со 200 мл вода. Се става на оган и откако ќе зоврие, се намалува на умерена температура и се остава да се готви уште 15 – тина минути.
Се добива смеса густа како талог од кафе, се процедува смесата низ газа, па во процедената смеса се додава уште 50 мл вода.
Се враќа на оган и се вари уште 5 минути. Се трга на страна и кога целосно ќе се олади се додава 1 лажица коњак.
Употреба: На секои 30 минути се зема по 1 кафена лажичка од смесата. За приближно 2 часа болките ги нема. Третманот трае 4 часа.
Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате Mартин на неговата фан страница Лилма.