Ќе ви покажам генијален трик со чија помош мебелот многу подолго ќе остане чист и на него нема да се нафаќа прашина како порано.

Многумина ширум светот веќе го испробаа овој трик и презадоволни се од резултатот. На сите им е добро познат проблемот со куќната прашина: само што сте исчистиле и сте го пребришале мебелот, полека започнува да се забележува тенок слој од нова наталожена прашина…

Тоа значи дека мора многу често да чистите, ако сакате домот да ви биде чист и уреден. За среќа, постои нешто кое може многу да ви помогне, а прашината да не е веќе толкав проблем како претходно.

Првиот чекот е да исчистите вообичаено и да ја отстраните сета прашина од површината на мебелот. Потоа земете една микрофибер крпа и натопете ја со многу мала количина омекнувач за алишта.

Поминете ја површината на која не сакате да ви се појавува прашина.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВОЈ ГЕНИЈАЛЕН МЕТОД?

Омекнувачот ја „отфрла/одбива“ прашината поради неговите антистатички својства. Делува на некоја начин како „импрегнација“ на мебелот, па поради тоа ќе бришете прашина многу поретко од вообичаено.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.