ПРОТЕИНСКА МАСКА ЗА ОБНОВА И БРЗ РАСТ НА КОСАТА: Ги обновува испуканите врвови, прави заштитен, сјајен слој и косата побрзо расте…Се приготвуваат две различни смеси и се користат наизменично (на секои 3-4 дена или еднаш седмично).

Првата маска е путер-протеинска, а втората е квасец-витаминска. Двете маски имаат брзо дејство и ја лекуваат оштетената коса. Еве што ви е потребно:

ПУТЕР-ПРОТЕИНСКА МАСКА

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
120 г путер (може и повеќе)
2 супени лажици маслиново масло
2 супени лажици масло од макадамија
2 супени лажици мед
1 супена лажица глицерин
4 мали лажички млеко

ПОСТАПКА:

Сите состојки ставете ги во подлабок сад и со миксер изматете додека да добиете фина, изедначена смеса.

Путерот треба да биде омекнат на собна температура, и во зависност од тоа дали сакате маската да биде погуста или поретка, додавајте помала или поголема количина путер.

УПОТРЕБА: Пред миење на косата. Се нанесува од врвовите кон коренот. Врвовите треба добро да ги обложите со оваа маска и да оставите да делува најмалку еден час, а колку подолго ја оставите, толку подобро.

Се користи 1-2 пати неделно, во период од 2-3 месеци. Во текот на овој период вашата коса значително ќе го подобри својот квалитет. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

КВАСЕЦ-ВИТАМИНСКА МАСКА

Еве една маска која ќе помогне во зајакнувањето на оштетената коса. Погодна е за сите типови коса, а помага и за намалување на опаѓањето и стимулација на растот на косата.

Основната состојка на оваа маска е квасецот, а се применува 2 пати неделно. За да се опорави оштетената коса, и да се добијат максимални резултати, постапката се повторува 2 месеци, без прекин. Значи, два пати неделно во текот на 2 месеци.

Резултатот од нанесувањето на оваа маска не само што е висококвалитетен, туку и долготраен…Еве што ви е потребни:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кафе лажица топло млеко
1 кафе лажица мед
7 г сув или 20 г свеж квасец

ПОСТАПКА:

Растворете 1 лажичка мед или шеќер во 1 лажица топло млеко и додајте 20 грама свеж квасец. Оставете на топло место да ферментира 15-20 минути.

Добиената смеса нанесете ја на чиста, влажна коса, од коренот кон врвовите. Завиткајте ја главата со најлонска кеса и крпа.

Оставете да делува најмалку еден час (можете и подолго, до 2 часа, колку подолго толку подобро), а потоа измијте ја косата со топла вода.

Оваа маска нуди голема количина на витамини, протеини и минерали неопходни за раст на вашата коса. Хранливите материи се апсорбираат во фоликулите на косата и ја зајакнуваат оштетената коса.