Ова е едно убаво и вкусно јадење, кое се приготвува едноставно, од многу малку состојки, а се добива врвен специјалитет. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
1 кг пилешко месо исечено на парчиња,
1 лажица сув зачин (вегета),
7 лажици масло,
6 јајца,
150 г остро брашно,
½ лажичка сол и
500-600 мл млеко
Постапка:
Пилешкото месо одвојте го од коски (или замолете ги во месарницата тоа да го направат наместо вас), па исечете го на помали парчиња и зачинете со сув зачин (убаво протријте го рамномерно).
Вака приготвено месо пропржете го на 3 лажици загреано масло од сите страни по 10-тина минути.
Разматените јајца промешајте ги со брашното, сол, млеко, па оставете ја смесата да отстои околу 10-15 минути. Во огноотпорен сад или плех ставете го преостанатото масло и загрејте го.
Врз загреаното масло излејте третина од смесата со јајца и брашно. Врз смесата распоредете го запрженото месо, а врз месото залијте ја преостанатата количина од смесата со јајца, брашно и млеко.
Печете во загреана рерна на 210 степени околу 20-30 минути. Печеното пилешко оставете малку да излади, исечете го на порции и послужете со салата. Може да прелиете со милерам-кајмак (кисела павлака).
Коските можете да ги сварите и да направите супа.