Како снегулки лесните ситни знрнца се како лек во чинијата. Ако сакате дејството на просото да го засилите, тогаш пропржете го неколку минути – мирисот во кујната ќе биде привлечен и никој нема да му одолее.
Потребни состојки: 2 шолји просо, 6 шолји вода и прстофат сол. Постапка: Најпрво просото измијте го под млаз ладна вода. Ставете го во еден сад, прелијте го со ладна вода, промешајте, а потоа процедете го низ ситна цедалка.
Вратете го повторно просото во садот, и уште еднаш налијте го со ладна вода. Постапката се повторува вкупно трипати. Потоа оставете добро да се исцеди од водата и да се просуши.
Вака измиеното просо ставете го во сува и нелеплива тава и пропржете го на умерена температура неколку минути. Пржете го со непрекинато мешање додека малку да пожолти и да ги ослободи своите привлечни мириси.
Овој чекор со тостирањето можете да го прескокнете, но ќе забележите дека вкусот му е поинаков, многу подобар. Откако ќе добие златножолта боја, во просото полека додајте ја водата.
Посолете малку со хималајска сол и оставете да зоврие. Во моментот кога ќе зоврие намалете ја температурата и поклопете го тенџерето. Кога просото ќе се свари (за доста кратко време, 15-тина минути), односно кога водата ќе испари, пробајте со лажица дали е готово.
Тргнете го садот од оган, поклопете со бамбусова подлошка и оставете да се лади. Со просото може да се комбинираат разни сосови. Особено е погодно за дијабетичари и оние кои имаат целијакија, бидејќи не содржи глутен. Ова е основниот принцип за приготвување на просото, а сега прочитајте го рецептот за чистење на бубрезите:
Навечер ставете 200 г просо во една чинија и исперете го во топла вода. Потоа ставете го во стаклена тегла од 3 литри и прелијте со зовриена вода две третини од теглата. Поклопете и завиткајте ја теглата со некое ќебенце, па оставете вака до следното утро.
Следното утро ќе забележите дека над просото има матна белузлава течност, а токму таа течност е вашиот лек. Процедете ја течноста и складирајте ја во шише или најдобро во термос кој ќе можете да го носите насекаде со вас. Штом станете наутро испијте барем една чаша.
Оваа течност пијте ја наместо вода, колку што можете повеќе. Покрај течноста, наутро треба да си приготвите и појадок од просо. Сварете здрава каша на следниот начин: една чаша просо исплакнете со ладна вода и сварете го во три чаши вода, околу 15-тина минути.
Оваа просова каша јадете ја наместо појадок, а преку целиот ден пијте го остатокот од просовата вода. Секоја вечер приготвувајте нова тура за следниот ден, во период од 10-15 дена. На овој начин бубрезите се чистат од песок, камчиња и слуз.