Фото и рецепт: Марина Лаучан

Пролетно време е најубавото време за прошетки во природа.

Од свежиот воздух сигурно ќе огладнете, па затоа додека шетате наберете си здрави билки од кои ќе си го приготвите оброкот.

Низ ливадите сигурно ќе налетате на млада коприва и штавељ, но наша препорака е да си носите ракавици…

ПОСТАПКА:

Младите листови штавељ и врвовите од млада коприва измијте ги и прелијте ги со врела вода.

Кога ќе овенат исечкајте ги ситно.

Во меѓувреме пропржете малку брашно и ситно сечкан лук на масло, па додадете ги сечканите коприва и штавељ, па залијте ги со млеко, кратко проварете и на крај додадете неутрална павлака или кисела павлака (по желба) и зачинете по желба.

Послужете со пире од компир и наросете со ситно сечкан власец.

Количините не се фиксни, можете да додавате и одземате по ваш вкус.

Фото и рецепт: Марина Лаучан