Ќе ви претставиме 3 вкусни рецепти за проја кои од нашето искуство се издвоиле како најубавите и најчитаните. Сите рецепти се горе-долу слични, со неколку мали измени во нив. Вие одлучете си кој рецепт најмногу ви се допаѓа, а потоа направете си вкусна проја која е најубавото старинско јадење – и‘ нема рамна.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Прв рецепт): 500 г сирење, 3 јајца, 1 чаша јогурт, 1 чаша масло, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол, 1 чаша пченкарно брашно, 2 чаши бело брашно. Мерката за чаша нека биде стандардна големина, 200 мл. Со неа измерете ги сите состојки.




ПОСТАПКА: Во соодветен сад додајте чаша јогурт, 3 јајца, 1 прашок за печиво, 1 чаша масло и една кафена лажичка сол. Сето тоа убаво измешајте го со миксер. Кога масата ќе стане хомогена, додајте 1 чаша (јогуртска) пченкарно брашно и 2 чаши бело брашно.

Убаво измешајте со миксер за да се изедначи масата и оставете да отстои 5 минути. Тава со димензии, 34х22, обложете ја со хартија за печење и истурете половина од масата, а потоа распоредете го сирењето и остатокот од смесата додајте ја одозгора.




Се става во загреана рерна и се пече на 200 степени додека да порумени. Кога ќе биде при крај, односно ќе добие малку златна боја, исечете на соодветни коцки и вратете го во рерна да се допече. /Coolinarka.com

Втор рецепт: Многу вкусна проја – брза и едноставна постапка, мерки на чаша, запишете си го овој рецепт / Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ – Проја. Многу лесно се приготвува и едноставно, не валкате многу садови. Многу вкусна проја, одлична за појадок или вечера, а може да се послужи и како предјадење, па дури и како главно јадење со убаво кисело млеко или чаша јогурт.

Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 2 чаши кисело млеко, 2 чаши обично млеко, 2 чаши палента, 2 чаши брашно, 1 чаша масло, 2 кесички прашок за печиво, 2 рамни лажички сол. Уште ќе ви биде потребно 600 г сирење.




ПОСТАПКА: со миксер изматете 6 јајца додека да станат пенасти, додајте 2 чаши кисело млеко и изматете на помала брзина. Потоа додајте 2 чаши обично млеко, 2 чаши палента, 2 чаши брашно, 1 чаша масло, 2 кесички прашок за печиво и 2 рамни лажички сол (или по вкус, што зависи колку е солено сирењето).

Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ




Измешајте убаво за да се соединат сите состојки, а потоа со рака издробете 600 г постаро сирење. Додајте го во претходната смеса и со лажица промешајте. Тепсија или плех намастете ја и наросете ја со брашно (мојата тепсија беше со пречник 30 см). Потоа излејте ја пројата и печете ја 10 минути во загреана рерна на 220 степени и уште 30 минути на 180 степени.

Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ




Трет рецепт: ПРОЈА со сирење, мека како душа, сите ќе ви побараат уште едно парче, а потоа и рецепт Пројата или како што е наречена во овој рецепт, Пројара, е многу вкусна и мека како душа. Секој што ќе ја проба ќе ви побара рецепт поради феноменалниот вкус и нејзината мекост, што навистина и нема рамна. Кога еднаш ќе ја пробате, постојано ќе ја правите.

Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кисело млеко (200 г), 10 г квасец, ½ прашок за печиво, 200 г тврдо сирење, 2 јајца, 2 чаши (од 200 мл) пченкарно брашно, 1 чаша гриз, 50-100 мл масло, 1 лажичка сол или по вкус и малку газирана вода за да се замеси (околу 100 мл).




ПОСТАПКА: Во еден сад ставете две чаши пченкарно брашно и една чаша гриз, измешајте. Додајте две јајца и една чаша кисело млеко. Посолете по вкус, додајте половина прашок за печиво, квасец малку растворен во вода, половина чаша масло и издробено сирење.




Ставете ја во претходно загреана рерна на 200 степени и печете ја околу половина час
Сите состојки добро измешајте ги и додадете газирана вода за да добиете погуста смеса од онаа за палачинки.

проја мека како душа




Сирењето не мора да биде целосно растопено, туку може да има поголеми парчиња кои ќе се чувствуваат после печењето. Смесата излејте ја помал плех или калап за торти обложен со хартија за печење. Ставете ја во претходно загреана рерна на 200 степени и печете ја околу половина час.

проја