Потребни состојки:
1 шолја пченкарно брашно
1 шолја брашно
1 шолја палента
1 шолја масло
1 ½ шолја минерална вода
2 јајца
1 прашок за печиво
сол
Постапка:
Јајцата изматете ги со миксер, па додадете минерална вода и масло.
Промешајте ги двете брашна со палента, сол и прашок за печиво, да додадете ја смесата со јајца и добро промешајте.
Истурете во намастена и набрашнета тепсија, па печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.