Прочуениот колач со јаболка за кој сите го бараат рецептот…Го имаме и ние, многу е лесен и едноставен…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јаболка (500 г)
3 големи јајца
180 мл млеко
150 г шеќер (кафеав)
1 прстофат сол
300 г брашно
80 мл масло
10 г прашок за печиво
1/2 лажичка цимет
екстракт од ванила, кора од лимон

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги јајцата со шеќер, ванила и прстофат сол, па додајте млеко, масло и лимонова кора.

Брз колач со јаболка НА ЧАША: Едноставна подготовка, не ви треба ниту миксер…колачот е мек како пена

Постепено додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво, изедначете, па додајте ги сечканите јаболка помешани со 2 лажици шеќер и цимет.

2.Смесата сипете ја во намастен калап со средна големина и ставете да се пече 45 минути во загреана рерна на 180 степени. Кога малку ќе подизлади посипете шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/mtnyeN8m7fY?si=uKaQMBULAJLxrD9T