Фото и рецепт: Блага Јованова
Ова е брз и вкусен ручек за ориз со јајца Кавадаречки – по рецептот на свекрва ми.
Потребни состојки:
1 филџан ориз
3 филџани вода
1 кромид
1 морков
1 пиперка
3-4 јајца
Постапка:
Се сечка зеленчукот.
Се запржува кромид, морков, пиперка и еден филџан ориз. Се зачинува со сол и црн пипер. Се промешува со 3 филжани вода, значи 3:1, па се става да се пече.
Кога е при крај се кршат јајца на око и се допекува уште малку колку и јајцата да бидат испечени.