Вкусно гравче, прсти да излижеш!
Потребни состојки:
500 г грав
1 главица кромид
1 праз
2 лажици доматно пире
1 цел домат
2 чешниња лук
сол, црн пипер
1 лажица црвен пипер
60 мл масло
Постапка:
1.Гравот потопете го во топла вода и оставете го да кисне цела ноќ.
2.Наутро фрлете ја водата, наполнете нова и ставете да се вари додека зрното целосно да омекне (јас фрлам 2-3 води).
3.На масло пропржете ситно сечкан кромид и праз додека да омекне, па додадете доматен сос и уште малку динстајте.
4.Додадете алева пиперка и тргнете од оган.
5.Сварениот грав процедете го и префрлете го во керамички или земјен сад, па прелијте го со издинстаниот зеленчук и додадете ситно сечкан лук.
6.Убаво промешајте, па посолете и запиперете (јас ставам и вегета) по ваш вкус.
7.Додадете малку вода цо која се варел гравот.
8.На површината наредете домат исечен на кругови, па ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени и да фати убава коричка.
Coolinarika.com