Потребни состојки:

-Користете чаша од 270 мл

½ чаша ориз

1 ½ чаша вода

2 лажици шеќер

300-350 мл кокосово млеко

Постапка:

Во еден поголем сад ставете ги оризот и водата, да зовријат на силен оган. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата на потивко, покријте со капак, па продолжете со готвење околу 10 минути.

Потоа додадете го шеќерот и кокосовото млеко, па продолжете со варење со повремено мешање, додека оризот убаво да омекне и да впие течноста.

При послужувањето наросете цимет, или сечкани јаткасти плодови, по желба.