Холивудските ѕвезди секогаш изгледаат совршено – витки и убави, а може да се забележи дека немаат ниту една брчка на лицето. Честопати се подложуваат на хируршки зафати кои им овозможуваат да бидат „вечно“ млади, но реално, голем дел од нив и водат здрав живот за да изгледаат убаво.
Редовно одат на тренинзи за да ја одржат својата физичка кондиција, се хранат здраво, а за тоа имаат и лични тренери и нутриционисти. Сепак, зад младешкото и убаво лице честопати се крие многу работа и една до две тајни.
Така на пример, глумицата Селма Хајек секогаш ги воодушевува своите фанови со својот изглед. Таа има 55 години, а позната е по својата кожа без брчки. На својот Инстаграм профил ја откри својата тајна за беспрекорен изглед, а тоа е домашно приготвениот сок.
Во нејзиното видео глумицата покажува како секое утро си приготвува сок од четири едноставни состојки. На овој сок, според неа, се должи блескавата и младолика кожа по која е толку позната. Но како што објаснува таа во видеото, од овој сок таа има и други здравствени бенефити врз своето тело.
ВИТАМИН Ц
Глумицата користи свежи портокали како извор за витамин Ц. Освен што го поддржува имунолошкиот систем и дигестијата, портокалот има и противвоспалителен ефект, но и овозможува наутро да бидете добро расположени.
КУРКУМА
Селма Хајек потоа додава свежа куркума во сокот од портокал која самата си го цеди. Можете да изрендате или да го помешате со останатите состојки во блендерот. Веќе на сите би требало да им биде јасно дека станува збор за суперхрана која е вистинска витаминска ризиница. Делува антибактериски и ги сузбива воспаленијата во телото.
ЦРН ПИПЕР
Ултимативниот таен трик: за да може телото побрзо и полесно да ја апсорбира куркумата, глумицата става малку црн пипер во сокот. пиперинот од црниот пипер го поттикнува метаболизмот и ја поддржува здравата исхрана.
ВОЛЧЈИ ТРН
Оваа билка ја нарекуваат и „лимонот на северот“ – не е ни чудо, бидејќи оваа состојка исто така, е полна со витамин Ц (го содржи 15 пати повеќе од портокалот) и витамин Б12. Содржи и многу колаген кој има регенеративен ефект врз кожата, косата и ноктите.
На тој начин го поттикнува телото самото да произведува уште повеќе колаген. Ова овошје можете да го набавите и како масло и да капнете неколку капки во готовиот сок за разубавување. Сите состојки заедно? Секако, би требало да го воведете овој сок за убавина во својата утринска навика.
Најголемата тајна на Ѓоковиќ поради која пука од здравје: Еве што пие тој секое утро и кој му ги дава рецептите
Големиот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ одамна не крие дека за тајната на неговиот успех, покрај напорниот тренинг, е и неговата специјална исхрана. Притоа, тој открива дека секое утро неговото семејство го започнува денот на следниот начин:
“Прво приготвувам топла вода со лимон и лимета, некои минерали, па потоа одам до својата омилена кутија во фрижидерот, онаа со целерот. Потоа целерот го ставам во соковник, најдобрата работа за рано наутро и празен стомак – тоа е сок од целер” – открива Ноле.
Новак ги советува луѓето задолжително да ги следат советите на прочуениот доктор Ентони Вилијам.
“Следете го овој доктор – вели тој. Од него ги црпам информациите. Сите овие минерали и соли го чистат вашиот црн дроб. За мене прави чудо, за мојата жена, за децата и за сите од нашето опкружување.
Децата не можат да го пијат чистиот сок од целер, па добиваат и краставица. Најдобрата работа за наутро е чистиот сок од целер”, тврди Ѓоковиќ. Сокот од целер овие денови стана хит и на Инстаграм. Но, за разлика од многуте трендови кои се појавуваат на социјалните мрежи, овој навистина има некаков смисол.
Сокот од целер навистина е многу здрав и добро е да се пие наместо кафе. Тој го хидрира организмот, ја намалува подуеноста, полн е со антиоксиданти, одличен извор на магнезиум и содржи многу малку шеќер.
Како се прави сок од целер? Многу едноставно! Измијте го, исечкајте го, изблендирајте го и процедете го…
Вкусот е…па, онаков каков што очекувате да биде. Релативно сладок, соленкаст, со доза на горчина, помалку со вкус на “земја”. Но, тоа можете да го ублажите ако му додадете малку вода. Сепак, имајте во предвид дека ако целерот го консумирате исклучиво како сок, тогаш ги губите драгоцените влакна, па така, добро е оваа намирница и повремено да ја грицкате како закуска.