Рецептот беше објавен во нашата и ваша група НМД-рецепти.
Фотографија и рецепт на Даница Данче Стојева
Потребни состојки: 500 мл млеко, 10 супени лажици масло, околу 900 – 1000 г брашно или по потреба, 1 супена лажица сол, 2 супени лажици шеќер, 1 квасец, 250 г путер или маргарин, 300 г ситно сирење и 1 јајце за премачкување
За фил: 500 г спанаќ измиен и ситно исечкан и 500 г урда
Постапка: квасецот растворете го во млако млеко со една лажица шеќер и малку брашно, па откако ќе се активира, заедно со другите состојки замесете средно меко тесто кое не лепи на раце (брашното постепено додавајте го).
Тестото оставете го да одмори 30-тина минути, па поделете го на 6 делови. И шесте топчиња оставете ги 10 минути да одморат.
Исто така и коцката путер поделете на 6 делови. Од секое топче развлечете кора, премачкајте ја рамномерно со путерот, на еден крај ставете од филот и свиткајте како ролат.
За фил: Ситно исечкајте го измиениот спанаќ и измешајте го со урдата. Потоа поделете го на 6 дела.
Ролатот пресечете го на 5 или повеќе парчиња. Постапката е иста и за преостанатите делови тесто.
Наредете ги во плех обложен со хартија, одозгора премачкајте ги со јајце, наросете ги со сусам и после 20 минути стасување, ставете ги да се печат во загреана рерна околу 25 – 30 минути на 180 степени (прво на 200 околу 10 минути, па се намалува на 180 и се печат до крај).
Како фил можете да ставите сирење, спанаќ, кашкавал и шунка или нешто друго по ваш избор.
Фотографија и рецепт на Даница Данче Стојева