Фото и рецепт: Адриана Дрљо
Потребни состојки:
2 јајца
1 жолчка
300 мл млеко
100 мл масло
2 ванилин шеќер
1 голема лажица рум
1 прстофат сол
4 големи лажици шеќер
1 сув квасец
1 мала лажичка прашок за печиво
рендана кора од 1/2 лимон
600-700 г меко брашно
Постапка:
Измесете го тестото. Важно е да отстои еден час, потоа се премесува и повторно отстојува 15-20 минути.
Се развлекува кора и се вадат крофни, се редат на растојание од 1,5-2 см и се покриваат со крпа да отстојат уште 30 минути.
Се загрева маслото добро, а се намалува на средна температура кога се ставаат да се пржат.
Се става капак неколку минутки а кога ќе нараснат се трга капакот.
Пржените крофни од двете страни, се вадат на хартиена салветка и се наросуваат со шеќер во прав.
Фото и рецепт: Адриана Дрљо