Природното оштетување на ткивата со текот на времето најчесто предизвикува болка во големите зглобови кои носат тежина, на пример колковите и колената. Таквите промени предизвикуваат и болка во грбот. Понекогаш болката што ја чувствувате во зглобот е предизвикана од дегенеративна промена надвор од него, во ткивото околку зглобот.

физичката активност е многу важна за здравјето на зглобовите

Болка во колкот е чест проблем, а може да биде збунувачки бидејќи постојат многу потенцијални причинители. Прецизната дијагноза е од особена важност, за да може темелната терапија да го разреши конкретниот проблем.

Карлицата, односно областа околу колковите е исклучително чувствителна и склона на промени кои се причинети поради долговремено седење, стоење, повторувачка активност или траума. Болките во колковите неретко не се знак за оштетување на колкот, туку за некое друго телесно пореметување или инфекција.

ПРИЧИНИ ЗА БОЛКА ВО КОЛКОТ

Колковите се составени од зглобови, ’рскавица, лигаменти и мускули. Секоја од овие структури е подложна на трошење, пукање, истегнување, стареење…, па кај секој човек порано или подоцна, барем еднаш во животот ќе се појави некој „вид“ на болка во колкот.

Болката во колк кај помладата популација е причинета од пренапрегнување на мускулите, а кај постарите луѓе од прогресивни дегенеративни процеси кои се појавуваат во средовечна возраст или рана старост.​

Она што често го нарекуваме „вклештување на нерв во колкот“, а проследено со вкочанетост на бедрената регија – најверојатно е проблем со вклештување на нерви, но не во колкот туку во пределот на лумален ’рбет.

Кога станува збор за вклештен нерв, голем број пациенти го одложуваат одењето на лекар се’ додека состојбата драстично да се влоши, а болките предизвикани од оштетувањето на нервот повеќе не можат да се ублажат со аналгетици.​

Со РТГ на лумбосакралниот ’рбет и РТГ снимка на карлицата и колковите може да се поштедите од доживотни потешкотии и болки во пределот на колковите. Болките во колкот често може да се заменат и со лумбосакрален ишијас.​

Едно од прашањата кои најчесто се поставуваат се однесува за болките после операција, поточно – по вградување на колк. Лекарите иако имаат големо знаење, сепак не се семоќни и волшебници.

Болките после операција може да бидат подносливи и иритантни па во текот на првите месец дена квалитетот на животот може драстично да биде нарушен.

Организмот функционира како една голема комплексна машина и има т.н. „моќ на регенерација“ (во зависност од телесниот систем и ткивото). Опе-ра-цијата на колк е вид на тра-ума од која организмот исто така треба да закрепне.

Постои можност дека доживотно ќе го чувствувате колкот кој сте го опе-ри-рале, но пропаѓањето на околното ткиво ќе биде запрено, а оштетувањето сведено на минимално ниво. Болки во колкот предизвикани од опе-ра-цијата може да се јавуваат и до година дена после зафатот, но не со толкав интензитет како првите 3 месеци.

Траењето и интензитетот на болките зависат и од општата состојба на пациентот како и од неговата возраст. Иако се врши истата опе-ра-ција, со потполно ист метод – постои важна разлика.

Организмот на 25 и 50 години не закрепнува еднакво брзо. Всушност, колку организмот е постар – телото сè потешко закрепнува, како од настинка така и од опе-ра-ција или повреда во пределот на колкот. Во-ору-жете се со трпение и добра волја, па бидете и свесни за своите ограничувања и не ги надминувајте во текот на рехабилитацијата.

Некои од причините за болка во колк се:

АРТРИТИС – е една од најчестите причини, за што постојат многу достапни третмани за лекување. Ако конзервативните третмани не успеваат, една од опциите е и замена на зглобот на колкот.

ТРОХАНТЕРИЧЕН БУРЗИТИС – многу чест проблем кој е предизвикан од воспаление на бурзата од надворешната страна од зглобот на колкот. ТЕНДОНИТИС – може да се појави во било која тетива која го опкружува зглобот на колкот.

ОСТЕОНЕКРОЗА – е состојба која се јавува при ограничен проток на кр-вта во областа на коската. Доколку неадекватна количина на кр-в доспева до коската, клетките може да изум-рат и коската може да пропадне.

ЛУМБАЛНА БОЛКА – голем број проблеми во грбот и карлицата може да предизвикаат симптоми околу зад-никот и колкот. Најчести проблеми кои предизвикуваат болка во колкот се дискус хернија и ишијас.

Пренапрегнување на мускулите – околу колковите и карлицата исто така може да предизвикаат болки и грчеви. Најчесто тоа е случај со препоните и тетивите. Скршеница на колкот – најчесто кај старите лица е предизвикано поради остеопороза.

Лекувањето на скршен колк подразбира опе-ра-ција, за да се замени скршениот дел или за да се вгради метална плоча со завртки. Фрактура на колкот кај спортисти – кај тешки спортови како трчање на долги стази. Лекувањето обично е успешно и вклучува одбегнување на различни активности.

Проблеми во колкот може да се јават и во детството, на пример:

Развојна дисплазија – претставува дислоцираност на колкот во раното детство, па тој не може правилно да се развива. Иако тоа обично не е болно за децата, може да доведе до артритис и проблеми со одот. Legg-Calvé-Perthes-ова болест – е проблем сличен на остеонекроза, но се јавува во детството. Во некои случаи може да дојде до трајно оштетување на колкот и артритис.

КОГА ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТИ ЛЕКАР?

Ако не сте сигурни за причината поради која имате болка во колкот, или не ги разбирате специфичните препораки за лекување на вашата состојба, би требало да побарате лекарска помош. Лекувањето на болката во колкот мора да биде насочено на специфичната причина за проблемот.​

Некои од знаците кои укажуваат на потреба од лекарска интервенција се:

Неможност за нормално одење, повреди кои предизвикуваат деформитет околу зглобот, болка во колкот која се јавува навечер или додека одморате, болка во колкот која трае неколку дена; неможност да го свиткате колкот, отоци во областа на колкот или бутот; знаци за инфекција, грозница, црвенило и топлина; сите останати необични симптоми.

ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛКА ВО КОЛК

Лекувањето на болката во колк целосно зависи од причинителот на проблемот, па затоа прецизната дијагноза е од голема важност. Ако не сте сигурни во причината на болката или за тежината на вашата состојба, би требало да побарате совет од лекар пред да започнете со било кој третман.

ПРОЧИТАЈТЕ: Лек за болки во грбот, вратот, плешките, колковите – почнете уште денес со терапијата

Дегенерацијата на еден или повеќе интервертебрални дискови на ’рбетот се нарекува дископатија, состојба која може да биде болна и да влијае врз квалитетот на животот. Оваа болест обично се поврзува со стареењето, но кај некои луѓе може да предизвика сериозни хронични болки доколку не се лекува навремено.

СИМПТОМИ: хронична болка во долниот дел на грбот која се шири на колковите; болка во зад-никот и бутовите по подолго пешачење; пецкање и слабост во колената, рацете и прстите; хронична болка во вратот со болка во главата, рамената и рацете

грб, баба

НАРОДЕН ЛЕК ЗА ДИСКОПАТИЈА: ОБЛОГИ ОД ЛЕКОВИТА ГЛИНА

Едно парче глина (хума) од аптека, се чува изложена на сонце 3 дена. Потоа се крши, раздробува и толчи (со толчник) додека да се добие прав. Од глината се замесува тесто со дестилирана вода. Во аптеката прашајте дали имаат веќе готова глина во прав, подготвена за употреба (надворешно).

Добиеното тесто се притиска со дланката за да се добие облога во вид на палачинка. Се става на болното место и се фиксира со завој. Облогата се користи двапати на ден, еднаш наутро и вторпат навечер, а се остава да делува 3-4 часа.

ОБЛОГА ЗА ПРВИТЕ ТРИ ДЕНА. Потребни состојки: 3 главици лук, 1 лажица сода бикарбона, 1 лажица чист алкохол од аптека, 1 лажица масло

Подготовка: сите состојки се мешаат а добиената смеса се става на газа, па како облога се нанесува на болното место. Претходно кожата на зафатеното место треба да се премачка со свинска маст. Се остава да делува неколку часови или најдобро е са да се преноќи со облогата. Следниот ден се подготвува нова облога. Терапијата трае три дена.

Лек за консумирање. Потребни состојки: 125 г рен, 4 лимони, 2 лажички цимет во прав, 2 см корен од ѓумбир, 3 лажички мед

Постапка: во блендер измешајте рен и ѓумбир. Потоа во тоа додајте исцеден лимон. Мешајте околу 3 минути па додајте мед и цимет. Повторно измиксајте додека да добиете сируп кој ќе го складирате во стаклена тегла.

Употреба: консумирајте по една лажичка двапати дневно, пред оброк. Третманот може да трае три седмици, а потоа следи пауза од една седмица, па доколку чувствувате потреба, повторете уште еднаш.

Оброк кој треба да го консумира болниот. Потребни состојки: 1 шолјичка вода, 1 шолјичка овесни снегулки, 1 шолјичка 100% сок од портокал, 2 шолјички коцки од ананас, 1 лажичка цимет, ½ шолјичка дробен бадем, малку мед

Постапка: Ставете ги овесните снегулки во сад со вода и оставете да се готват неколку минути. Потоа, тргнете на страна да излади пред додавање во блендер. Додајте ананас, бадем, цимет, сок од портокал и мед по вкус.

Измешајте добро, додавајќи по малку вода додека да ја добиете саканата густина. Консумирајте ја оваа смеса секојдневно и болките ќе исчезнат, а вашите зглобови, тетиви и лигаменти ќе зајакнат. Значително олеснување ќе почувствувате уште следниот ден.

нозе, колкови, физиотерапевт

ПРОЧИТАЈТЕ: Трпев болки во стапалата, колената и колковите – овие лесни вежби ми помогнаа и болките исчезнаа. Во текот на минатите години имав болки во коленото поради што ми направија неколку операции, но и натаму некогаш ме болеа и имав неугодно чувство.

Болката во колената, стапалата и колковите може да укажува на оштетување на тетивата или ‘рскавицата. Проблемот тешко се дијагностицира бидејќи доколку имате проблем со колковите тоа може да доведе до болки во колената, а проблеми со колената може да доведат до болки во стапалата.

Секогаш ми советуваа да правам превентивни вежби за да ги подобрам зглобовите, но никогаш не разбирав како и кои вежби да ги правам. И да бидам искрен, никогаш немав време за тоа. Меѓутоа, неодамна пронајдов некои совети кои би можеле да им помогнат на луѓе кои трпат болки во колковите, колената и стапалата.

ЗАЈАКНЕТЕ ГИ СКОЧНИТЕ ЗГЛОБОВИ ( ГЛУЖДОВИТЕ)

Седнете и подигнете ја ногата. Полека кружете со подигнато стапало. Повторете 10 пати во една насока и 10 пати во друга. Направете го истото и со другата нога.

ОДЕТЕ НА ПРСТИ

Можеби звучи чудно, но ова е вежба која можете да ја правите додека шетате по дома или извршувате секојдневни задачи.

Обидете се брзо да одите на прсти – ова ќе ги зајакне колената а истовремено ќе биде вежба и за вашите стапала. Исто така, одлична е за подобрување на рамнотежата. Правете помеѓу 5 и 15 минути или кога ќе се заморите престанете.

ПОДИГНЕТЕ ГИ НОЖНИТЕ ПРСТИ

Земете столица и застанете зад неа, користејќи ги рацете за одржување на рамнотежа. Подигнете ја едната пета од подот. Полека подигајте ја петата од другата нога како да стоите на прсти. Полека вратете ги петите на под. Повторувајте ја оваа вежба 10-15 пати на секоја нога.

ТРЕНИНГ ЗА ОТПОРНОСТ

Завиткајте гумена лента околу некој стабилен мебел а другиот крај околу својата нога. Стапалото придвижувајте го во различни насоки – 10 пати кон внатре и 10 пати кон надвор. Повторувајте 10-15 минути на секоја нога.

ДВИЖЕЊЕ НА НОЖНИТЕ ПРСТИ

Свиткајте ги ножните прсти на неколку секунди, а потоа протегнете ги. Повторете го ова 30 пати. На под ставете мал пешкир, прстите раширете ги и обидете се со нив да го подигнете пешкирот и да го префрлите во корпа.

КОРИСТЕТЕ ТОПЧИЊА

Земете тениско топче или некое друго со слична величина, седнете на стол, ставете го стапалото врз топчето и притиснете го. Движете го стапалото полека кон напред и назад. Уживајте во масажата.

Коментар на Enver Ajdar:

“Пример јас имав проблем 8 месеци со десното стапало. Имав несносни болки. Бев на снимање и прегледи, физикални терапии, но ништо не ми помогна. При одење имав стра-шни болки. Но, случајно една бабичка на пазар ме праша “синко што те мачи со ногата, лошо одиш”. И кажав што маки имам 8 месеци. Бабичката ми рече “имаш ли дома валјак од преса за пресување домати”, реков “имам”. И ми вели, синко има лек.

10 дена секоја вечер пред спиење стави ги стапалата во топла вода со морска сол по 20 минути. После избриши ги со сува крпа. Потоа десното стапало, па левото, ќе го газиш валјачето напред-назад. Боли стра-шно, по после 5 минути те отпушта, секое стапало по 10 минути.

Тоа и го направив 15 дена секоја вечер. Болките престанаа, петите не ме болеа а и кичмата престана да ме боли. Бев и пред комисија на Ортопедија на контрола. Кога видоа како одам и дека немам болки, ме прашаа каква физикална терапија и лекарства сум применувал.

А јас им го покажав валјакот од пресата за домати и реков “доктори, ова било лекот”. Се надевам некому може да му помогнам да се излекува од ишијалгија на кичмата, шилци во петите, но и многу други болести, во табаните има многу акупунктурни точки поврзани со нервниот систем”.