Природна б о м б а за чистење на црниот дроб и крвните садови. Се приготвува од 4 моќни состојки кои овој период се лесно достапни. Запишете си го рецептот и пригответе го:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 голема главица цвекло (или 2 средни)
1 китка магдонос
3 моркови
300 мл вода
20 г свеж ѓумбиров корен
4-5 плодови перуанска јагода* Physalis peruviana

-Цвеклото има антиинфламаторно дејство, ја поддржува регенерацијата и му помага на телото да се бори против депресијата

-Магдоносот се препорачува да се користи за зајакнување на непцата, подобрување на апетитот и варењето, отстранување на солта од телото.

-Морковот има висока содржина на бета-каротин (провитамин А), витамини Ц, Е, К и неколку витамини Б – Б1, Б2, Б3, Б6, Б9.

-Ѓумбирот го олеснува варењето на храната, го стимулира производството на гастричен сок и го подобрува апетитот.

-Physalis имаат антисептично, антиинфламаторно, хемостатичко, аналгетско, диуретичко, холеретично дејство. Повеќе за овој плод прочитајте ОВДЕ.

ПОСТАПКА:

Сите состојки измијте ги и исчистете ги, исечете ги и изблендирајте ги. Смесата добро исцедете ја низ сито или газа. Пијте една чаша секое утро на гладен стомак, бавно, голтка по голтка.

Овој напиток не се пие одеднаш, туку во период од 10-15-тина минути. веќе за неколку дена ќе забележите подобрување и поголема енергија. Овој напиток е добро да се пие во текот на целиот период додека трае сезоната на грипови и вирози. Бидете здрави!

Внимавајте ако сте преосетливи на некоја од состојките и советувајте се со вашиот лекар! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.