Колената се еден од најважните зглобови во човековото тело, одговорна за негово правилно држење. Тие ги поддржуваат сите движења на нозете при одење, скокање, трчање и стоење.
Колената трпат бројни повреди и затоа ослабуваат. Лигаментите и тетивите се „трошат“, па поради тоа се помалку флексибилни и мобилни. Природниот начин за јакнење на лигаментите и тетивите може да го подобри квалитетот на животот.
Овој напиток содржи состојки со моќни противвоспалителни својства кои ја ублажуваат болката, вклучително и големи количини на витамин Ц, силициум и магнезиум. Овие нутриенти даваат сила и енергија во сите делови и системи од телото.
Потребни состојки:
250 мл вода
7 г цимет
2 мали шолји ананас
1 шолја овесни снегулки
1 шолја сиров природен сок од портокал
40 г бадем
40 г мед
Постапка:
Сварете ги овесните снегулки. Исцедете го сокот од ананас. Во блендер измешајте сок од портокал, цимет, мед и бадеми. Додадете ги овесните снегулки и сокот од ананас во блендер.
Смесата измешајте ја уште еднаш додека да добиете хомогена смеса. Потоа додадете неколку коцки мраз, промешајте уште еднаш и вашиот смути е подготвен за консумација.