Најдобриот начин за да ја сочувате аронијата е да ја замрзнете или од неа да направите сок, џем, слатко или ликер, бидејќи сепак свежа не можете долго да ја чувате и како таква да ја јадете.
Аронијата е едно од најздравите овошја во светот, а научниците ја нарекуваат суперхрана. Таа го чисти организмот од отpови и токcини, па поради тоа ја користат и за лекување на некои тeшки болести како што е pакот.
Голем број студии докажаа дека аронијата има антиканцеpогено дејство, бидејќи во голем процент го стопира и спречува растот и развојот на мaлигните клетки од тyморот на мозокот, белите дробови, дoјки, дебело црево и црн дроб.
Исто така, аронијата е исклучителен антиоксидант и го спречува дејството на cлободните pадикали кои се најчестата причина за појава на болести во организмот.
Бидејќи сега е дојдено време да се бере аронијата, не можеме целата одеднаш да изедеме сè што ќе набереме, но исто така, не е ниту добро да се јадат големи количини од што било, па макар тоа било и суперхрана. Освен што можете да ја замрзнете, исто така можете да приготвите сок, џем или слатко, по избор.
СОК ОД АРОНИЈА. Потребни состојки: 2 кг бобинки аронија, 800 г шеќер, 1 литар вода, сок од 1 лимон. Постапка: во големо и широко тенџере ставете вода, па ставете го тенџерето на рингла и додајте го шеќерот. Кога ќе зоврие, додајте ги бобинките и оставете уште еднаш смесата да зоврие.
Притоа мешајте ја содржината полека, притиснувајќи ги бобинките за да се исцеди што повеќе сок од нив. Кога смесата ќе зоврие, тргнете го тенџерето од рингла и оставете убаво да се олади.
Потоа процедете го сокот, а процедената течност додајте исцеден сок од еден лимон. Сокот уште еднаш ставете го на рингла да зоврие еден „клуч“, а потоа изладен складирајте го во шишиња. Сокот се пие по потреба, разреден со вода по вкус.
ЏЕМ ОД АРОНИЈА. Потребни состојки: 1 кг аронија (можете да ги користите бобинките кои ви преостанале од сокот), 3 супени лажици шеќер.
Постапка: бобинките добро измијте ги и сомелете ги со рачен миксер или блендер, потоа додајте шеќер, па смесата ставете ја на рингла да се загрее. Kога шеќерот ќе се растопи, тргнете го тенџерето од рингла и џемот складирајте го во стаклени тегли, претходно загреани во рерна. Џемот чувајте го во фрижидер.
ЛИКЕР ОД АРОНИЈА. Потребни состојки: 300 г аронија, 100 г листови од цреша (свежи), 4 лажици сок од лимон, 1.5 кг шеќер, 2 литри вода, 1 литар лозова ракија, 1 лимон, 1 гранче рузмарин, 1 прстофат каранфилче
Постапка: откако добро ќе измиете бобинките и листовите, ставете ги во длабоко тенџере, прелијте ги со вода и ставете на рингла да зоврие. Додајте шеќер и каранфилче и мешајте додека шеќерот да се растопи.
Во сè уште врелата вода додајте сок од лимон, еден цел лимон исечен на четвртини и гранче рузмарин. Кога малку ќе излади, добро испасирајте ја содржината и оставете преку ноќ да добро да се олади. Наутро смесата процедете ја и складирајте ја во стаклени шишиња.
СЛАТКО ОД АРОНИЈА. Потребни состојки: 1 кг аронија, 1 кг шеќер, 150 мл вода, 100 мл рум, 2 ванилин шеќери. Постапка: аронијата добро измијте ја и во неа додајте шеќер, а така оставете ја да преноќи.
Наутро додајте вода и рум и гответе додека да зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете смесата да крчка 10 до 15 минути. Мешајте само ако морате, но внимавајте бобинките да ви останат цели.
Кога ќе го тргнете тенџерето од оган, додајте го ванилиниот шеќер и промешајте ја уште еднаш смесата. оставете слаткото да се олади, а потоа складирајте го во стерилизирани тегли. Еднаш отворената тегла потребно е да се чува во фрижидер. Слатко послужувајте го наутро со чаша вода.
ЛЕК ОД АРОНИЈА ПРОТИВ ШЕЌЕР И ХОЛЕСТЕРОЛ. Потребни состојки: 40 бобинки сува аронија, вода. Постапка: навечер земете 40 суви бобинки и натопете ги 200 мл вода, а наутро таа вода ставете ја заедно со бобинките да проврие 2 до 3 минути.
Потоа тргнете го садот од рингла, па испијте го чајот на празен желудник и изедете ги бобинките. Постапката се повторува 40 дена.