Една од најстарите болести е камен во бубрегот. Тој настанува кога минералите (калциум и оксалати) присутни во урината кристализираат и се таложат. Самиот камен не е опасен доколку не се јавуваат компликации и спречување на проток на мокрачата при придвижување низ мокрачните патишта.
Притоа се јавува болка пропратена со гадење, повраќање и често мокрење. Доколку има повторувачко создавање на камења, начинот на исхрана треба да биде лек на избор – терапија која ќе го олесни отстранувањето на каменот. Диетата има активно учество во создавање на каменот – советува д-р Самарџиски.
ШТО Е ШТЕТНО ЗА ВНЕСУВАЊЕ? Месо повеќе од 200 грама дневно (белковини) го зголемуваат нивото на калциум во мокрачата. Сол потребно е да се внесува во помала количина бидејќи го намалува излачувањето на калциумот индиректно.
Потребно е да се исклучат и: сувомеснати производи, маслинки, конзервирани супи, конзервирана храна, кисела зелка, конзервирана или димена риба, храна со голема содржина на оксалати (спанаќот, кикирики, чоколадо, чај, тиква). Дозволени се оксалати до 180 mg дневно.
Стар лек од Хипократ е внес на големи количини вода која ја разблажува концентрацијата на минералите кои предизвикуваат создавање на камен. Исто така, важен фактор е внес на влакнеста храна која ги врзува оксалатите во цревата (два бисквити дневно), интегрално брашно, житарици (само не пченица), ориз, пченка.
Лек за исфрлање на камен или песок од бубрезите – според билкарот Мартин Најдовски. За повеќе информации околу начинот на приготвувањето на лекот или за самите билки од кои се приготвува, можете лично да го прашате Мартин на неговата фан страница “Лилма”.
Она што е одлично кај овој лек, е тоа што тој делува врз топењето на каменот а не на исфрлање од бубрегот – вели Најдовски. Понекогаш при исфрлањето на каменот може истиот да се заглави низ уринарните патишта и да направи уште поголем проблем – вели билкарот.
Кај жените каналите се пошироки и полесно може да се измокри и поголем камен, но кај мажите камењата малку потешко и поболно излегуваат, па затоа овој природен лек е соодветен, бидејќи тој не предизивкува исфрлање, туку топење на камењата – заклучува Мартин Најдовски.
За да го приготвите овој природен лек ќе ви бидат потребни следните состојки: 250 мл јаворов сируп, 250 мл лимон блендиран заедно со кората, 250 мл природен мед, 250 г корен од магдонос и 250 мл маслиново ладно цедено масло.
Постапка: Лимоните се закиснуваат во вода со сода бикаркона и јаболков оцет одвечер за да се извлечат сите пестициди и токсини од кората. Следното утро се измиваат под млаз ладна вода и се блендираат заедно со кората. Најдобро би било доколку најдете органски лимони.
Коренот од магдонос исто така потребно е убаво е да се измие, да отстои во раствор со сода бикарбона и да се отстранат сите нечистотии. Потоа се блендира посебно. Во една поголема тегла се мешаат сите состојки заедно додека да се добие хомогена и изедначена смеса.
Теглата се чува добро затворена во фрижидер. Се користи секое утро по 1 супена лажица наутро на гладно, половина час пред појадок еднаш дневно. Лекот се зема континуирано без паузи и се прават онолку дози колку што е потребно за да се среди проблемот, секако со проверки на лекар до каде сте со ситуацијата – вели Најдовски и советува во текот на денот да се пијат што повеќе течности, најдобро вода, барем 2-3 литри.