Неугодностите во нозете, рацете, грбот, како и проблемите во зглобовите е нешто што секој од нас го иcкycил во текот на животот. Иако овој непpијатен симптом е поврзан со возраста, сѐ почесто и младите со соочуваат со овие проблеми. Без разлика на причината за појава на воспалението или повpeдата, б oлката понекогаш може да биде неподнocлива, што дури ни некои од лековите не можат да помогнат.
Со следниот лек можете да ја cмирите бoлката во нозете и за само неколку минути да забележите олecнување. Особено се препорачува при б олка во зглобовите. Може да го приготвите во домашни услови, а состојките кои се потребни за негово приготвување се лесно достапни и секој од нас ги има во својот дом.
Италијанските баби ја користеле оваа природна паста за лекување на воспаленија во телото. „Златното млеко“ е многу ефикасен лек и е направен од куркума, за која е познато дека има антиинфламаторно дејство, како и ѓумбирот, за кој е познато дека го намалува производството на леукотриени кои предизвикуваат воспаление на зглобовите.
Овие две состојки се основни, а со додавање на црн пипер само ја поттикнувате апсорпцијата на кукурминот во куркумата, како и кокосовото масло кое ќе ви помогне да ги почувствувате сите благодети на овој лековит зачин. Медот се користи како антиоксиданс и антибактериски агенс. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 4 големи лажици куркума, 1 лажица ѓумбир, 1/2 лажичка црн пипер, 1 лажица мед или по потреба, 1 лажица кокосово масло (органско), 10 лажици вода. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1 рака сува коприва (лист), 1 рака сув магдонос (лист), 1 литар лозова ракија.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 400 мл ладно цедено маслиново масло. Не е исклучено ни кокосовото масло, ако сакате убав и силен мирис, 1 јајце, најдобро да биде домашно, органскo и 60 г природен пчелин восок (побарајте од пчелар).
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во еден подлабок сад измешајте ги куркумата, мелен ѓумбир (може и ситно да го издробите во блендер), црниот пипер, медот, кокосовото масло и водата. Добро соединете ги состојките, па кога ќе добиете паста со густа конзистентност, складирајте сѐ во стерилизирана тегла.
Како се консумира: Се пие со мешање на една кафена лажичка од пастата со млако млеко. Лекот има рок на траење до еден месец. Во продолжение прочитајте ја постапката за вториот рецепт, универзален лек од две билки.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Сите состојки се соединуваат во стаклена тегла, па убаво затворена се остава 15-20 дена на топло место. Секојдневно теглата треба да се промешува или барем да се протресува. По изминатиот период, ракијата се процедува низ газа, добро се истискува, и се складира во темно стаклено шише со тапа која добро дихтува.
Како се користи: Со оваа ракија се мачкаат бoлните и проблематични места или се користи како облога (со натопување на газа или памучна газа, фиксирана со фолија) за отечени зглобови.
ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ РЕЦЕПТ: Сварете го јајцето, а потоа од него искористете ја само жолчката. Издробете ја ситно со виљушка. Во еден сад ставете ги маслото и восокот. Загревајте на тивок оган, па кога восокот ќе започне да се растопува, малку по малку додавајте ја жолчката.
Маслото ќе започне да потпукнува, а доколку започне да пени, тргнете го накратко садот, па повторно вратете го на ринглата, и сѐ така, додека да се потроши целата жолчка. После тоа, процедете сѐ низ цедалка и складирајте во тегла. Пред да се стегне, промешајте неколку пати за да падне восокот на дното. Деталите за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ.