Ако некогаш сте имале инфекција на уринарниот тракт, тогаш знаете колку тоа е болно и непријатно. Имате честа потреба за одење во тоалет, а мокрењето станува доста болно.
Меѓу народот постои едно одлично природно средство кое ќе ви помогне брзо и ефикасно да се ослободите од инфекциите на уринарниот тракт.
Овој природен антибиотик е многу делотворен и олеснување се чувствува веднаш после првата терапија.
Еве како можете да го приготвите ова природно средство против инфекции на уринарниот тракт.
Потребни состојки:
200 мл маслиново масло
250 г мед
250 г лимон со кора
250 г корен од магдонос
Постапка:
Коренот од магдонос добро измијте го од секоја нечистотија. Оставете го да отстои во раствор од сода бикарбона, а потоа уште еднаш исплакнете го со ладна вода.
Доколку немате органски лимони, тогаш истата постапка повторете ја и со лимоните, бидејќи потребна е и нивната кора.
Исечкајте ги ситно коренот од магдонос и лимонот со кора, па ставете ги во блендер. Додадете мед и маслиново масло, па добро измиксајте додека да добиете еднолична смеса.
Оваа качеста смеса која ќе ја добиете складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.
Употреба:
Секое утро се консумира по една супена лажица. Откако ќе ја потрошите целата доза, направете анализа, бактериите треба да бидат исчезнати.
Напомена: Би било добро медот да го набавите од проверен пчелар, а лимонот секако, најдобро е да биде органски, непрскан. Доколку го купите од продавница, ставете го да отстои во ладна вода во која сте додале малку сода бикарбона. После тоа добро измијте го. Коренот од магдонос, исто така, треба да биде добро измиен.
Совет плус: пијте чај од магдонос.
Магдоносот делува како диуретик, а освен што овој напиток е многу освежителен, исто така помага во процесот на излекување. За да ја ублажите или спречите уринарната инфекција, потребно е да пиете чај од магдонос. Земете една лажица корен од магдонос и прелијте го со 250 мл вода.
Гответе 5-6 минути, а потоа поклопете 10 минути, изладете, па потоа процедете. Се пие 3 пати по 1 шолја.
Исто така, магдоност е одлично средство против отекување на нозете и корисен е за слабеење.