Рецепт за намалување на шеќерот во кр-вта: Потребни состојки: 300 г корен од целер и 6 лимони. Постапка: прво, треба да го изрендате измиениот корен од целер и да го ставите во емајлиран сад. Садот не смее да биде оштетен. Потоа, додадете го исцедениот сок од лимоните.
Затворете го садот, па вметнете го врз друг поголем сад кој претходно сте го наполниле со вода. Ставете го на оган водата да зоврие. Кога водата ќе зоврие намалете ја температурата. Целерот треба да се готви со лимоновиот сок, на водена пареа, два часа.
Потоа тргнете го садот од оган, но не го отворајте капакот од тенџерето сè додека целосно да излади. Изладената смеса ставете ја во стаклена тегла, затворете добро и чувајте во фрижидер. Употреба: треба да се пие по 1 лажица од овој домашен пијалак, секое утро на празен стомак, 30 минути пред појадок. Смесата е доволна за 2 месеци. По 2 месеци, нивото на шеќерот во кр-вта ќе ви биде во нормални граници.
Рецепт за намалување на холестеролот и триглицеридите. Фотографија и рецепт на Весна Несовановиќ. На овој рецепт некаде налетав, а во оригиналот пишуваше целерот да се употреби без листови. Но, кога се посоветував со мојот лекар-кардиолог, кој воедно ми е и куќен пријател, ми предложи да го користам и листот од целерот.
Исто така, ми советуваше на контрола за холестеролот и триглицеридите да одам 3-4 седмици после престанокот на користење на овој напиток. Овој напиток го користев минатата година и се покажа како многу делотворен. Испив вкупно 3 дози и тоа двапати дневно пиев по 100 мл пред појадок и пред вечера, бидејќи не вечерам.
Холестеролот претходно пред користењето на овој напиток ми изнесуваше 6,99, а после тоа падна на 4,13; а триглицеридите од 2,34 на 0,77 односно на граница на нормала. Овој напиток треба да се користи барем еднаш во годината за да се одржува холестеролот и триглицеридите во граници на нормалата.
Потребни состојки: 400 г целер, 1 кг лимон и 2 литри вода. Постапка: коренот од целерот убаво се мие и се лупи. Листовите исто така добро се мијат. Лимонот се мие со ладна вода и се остава неколку часа во раствор од сода бикарбона. Потоа се плакне и со нож за лупење компири му се лупи надворешната кора, без белиот дел кој дава горчина.
Во поголемо тенџере ставете 2 литри вода. Целерот изрендајте го на ситното ренде (или во блендер), па ставете го во водата заедно со листовите од целер и лимоновата кора. Се става на силен оган, па од моментот на зовривање се намалува на умерено и се остава да се вари 20 минути. Потоа се поклопува и се остава да излади најмалку 6 часа или преку целата ноќ. Од излупените лимони им се отстранува белата кора и целите лимони се ставаат со блендер.
Водата со целерот и лимоновата кора се процедува со помош на преса за компир, па во течноста се додава измиксаниот лимонов сок. Потоа уште двапати се процедува низ цедалка. Се складира во стаклени шишиња и се чува во фрижидер. Од оваа количина излегува 2,7 литри лековит напиток.
УПОТРЕБА: Се пие по 100 мл 3 пати дневно 20-30 минути пред главните оброци. Пред да ја потрошите последната доза, направете нова за немате прекин во текот на користењето. Вкупно се пијат три дози, а крвна анализа се прави после 3-4 седмици откако ќе се испие последната тура.
Рецепт за бактеријата ешерихија коли. Исто така, со целер се приготвува и лек за ешерихирија коли. Потребни состојки: 300 г корен од целер со лист, 2 цели лимони, 1 литар вода
Постапка: Целерот се мие и се лупи, па се блендира заедно со лимонот заедно со кората, па се прелива со 1 литар зовриена вода. Се остава поклопено преку цела ноќ или 12 часа. Потоа се процедува и се пие 4 дена по ред, по една шолја наутро на гладно.
Рецепт за слабеење. Потребни состојки: ½ ананас со средна големина, 3 стапчиња целер, половина салата марула – Ајсберг, 1 краставица, 20 грама свеж ѓумбир. Подготовка: сè што треба да направите е да ги ставите сите состојки во блендер и да ги измиксирате.
Половина од напитокот испијте го наутро, а другата половина, навечер, еден час пред спиење. Во меѓувреме, сокот чувајте го во фрижидер, во стаклен сад со поклопец. На крајот од текстот можете да прочитате рецепт како се приготвува сок од целер кој помага во лекување на повеќе здравствени состојби. Во продолжение прочитајте повеќе за овој зеленчук и неговите својства.
Целерот е едногодишно или двегодишно мочуришно растение од семејството Apiaciae, кое се одгледува како зеленчук уште од античко време. Стеблото е разгрането и високо од 40 – 80 цм, на чиј врв растат перјасти листови кои потсетуваат на оние од магдоносот, само малку потемни, посјајни и поголеми.
Овој зеленчук е познат уште од античко време. Пронајден е во пирамидата на Тутанкамон која датира од 1323 година п.н.е. Се користел во античка Грција, па дури се споменува и во книгите „Илијада“ и „Одисеја“ на Хомер.
Целерот е одличен извор на влакна, калциум, магнезиум, фосфор, витамини Б и Б6, витамин Ц и многу други минерали. Содржи многу малку заситени масти и холестерол. Коренот, стеблото и листот се користат во исхраната. Тој е неопходен дел од подготовката на супи, салати, чорби, а сувите семки од целер се користат како зачин.
Како да изберете добар целер?
При изборот на целер, обратете внимание на неколку работи. Прво, коренот треба да биде цврст, а стеблото свежо и крцкаво, без траги на сушење и гниење. Кога стои, целерот ја губи својата боја и хранливи материи, затоа не купувајте исечен, туку само свеж. Бидете сигурни дека листовите од целер се светло зелени.
Целерот може да го најдете преку цела година, иако најдобро е на есен. Коренот на целерот може да издржи до 7 недели на температура помеѓу 0 и 2 степени, додека стеблото може да се чува најмногу 1 недела, по што ја губи својата хранлива вредност.
Предности на сокот од дршки од целер
Лековитите својства на зеленчукот се познати уште во античко време. Луѓето одгледувале целер затоа што сметале дека го зајакнува имунитетот, а семето се користело за ублажување на разни болки.
Го намалува ризикот од Алцхајмерова болест
Неодамнешна студија покажа дека луѓето кои пијат сок од од целер најмалку трипати неделно, имаат 76% помал ризик од развој на Алцхајмерова болест. Имено, ова растение е богато со лутеолин – флавоноид кој произведува природен антивоспалително дејство кое спречува мозочни заболувања, ги подобрува неговите когнитивни функции и ја штити и подобрува меморијата.
Го ублажува хроничното воспаление
Полиацетиленот кој се наоѓа во целерот е неверојатен лек за подобрување на воспалението, вклучувајќи артритис, остеоартритис, астма, ревматизам и бронхитис. Неговите антиинфламаторни својства помагаат во намалување на отокот, при третман на болни зглобови и истовремено ги релаксираат мускулите. Покрај тоа, целерот го намалува ризикот од дијабетес, срцеви заболувања и дивертикулоза.
Богат е со витамин К
Истражувањата покажаа дека витаминот К, добиен од растенијата, е еден од најефикасните во заштитата од остеопороза и фрактури или пукнатини во коските. Овој витамин овозможува таложење на калциум во коските и спречува формирање на остеокласти, односно клетки што ги распаѓаат коските.
Симптоми на недостаток на витамин К можат да бидат: кр-вавење од носот, долго кр-вавење од повреди и рани кои полека заздравуваат, а кај жените тие исто така се појавуваат како обилно кр-вавење за време на менструацијата. Ако забележите слични симптоми, тоа е уште една причина да започнете со дневно внесување на природен сок од целер.
Освен витамин К, и за слични цели, овој зелен лиснат зеленчук се препорачува бидејќи содржи и други минерали кои ги зацврстуваат и градат коските, а меѓу нив се: магнезиум, калциум, бор, фосфор и други.
Го намалува и регулира кр-вниот притисок
Фармацевтите научно докажаа дека високиот кр-вен притисок се намалува за 14% по само неколку недели консумирање сок од целер. Ако имате проблеми со висок кр-вен притисок, сокот од целер е еден од најефикасните начини за намалување на истиот.
Супстанциите кои се содржат во целерот помагаат да се релаксираат мускулите околу кр-вните садови, проширувајќи ги и овозможуваат полесен проток на к рв низ нив. Покрај тоа, фталидите, кои се дел од целерот, го намалуваат нивото на кортизол, хормон на стресот што предизвикува стеснување на кр-вните садови. За третман на висок кр-вен притисок, се препорачува да пиете чаша сок од целер дневно или да јадете 4 стебленца целер.
Го намалува ризикот од рак
Меѓу мнозинството совети во борбата против ракот е дека суровиот зеленчук е најдобар за секаков вид на третман. Лидер меѓу нив е целерот. Ова растение содржи 18 различни антиканцерогени соединенија кои ги неутрализираат канцерогените материи од цигарите и другите агенси за појава на рак.
Редовното консумирање сок од целер спречува метастазирање на малигни клетки
Друга придобивка на лутеолинот е тоа што ги потиснува гените поврзани со ракот , истовремено намалувајќи ја пролиферацијата на кр-вните садови околу туморите. Ацетилените и фенолната киселина исто така помагаат.
Истражувања спроведени во Холандија покажаа дека апигенинот, кој е дел од целерот и јагликата, го запира растот на два вида клетки кои се јавуваат при леукемија. Една од најважните придобивки на целерот е неговата придобивка во спречување на развој на карцином на дебело црево и стомак. Исто така, истражувањата покажаа дека редовната потрошувачка на целер го намалува ракот на дојка за 19%, ракот на јајниците за 20% и ракот на белите дробови за дури 60%.
Го подобрува имунитетот
Богатството на витамин Ц ги прави целерот и сокот од целер најдобрите сојузници на силниот имунитет. Целерот ги намалува симптомите на настинка, а особено се препорачува консумирање кога сте болни или сте настинати. Покрај витаминот Ц, супстанцијата кумарин е одговорна и за зачувување на одбраната на организмот.
Има корисен ефект врз кожата
Ако се борите со акни на лицето или имате проблеми со кожата, редовното пиење на сок од целер ќе ви помогне во таа борба. Целерот е богат со минерали кои помагаат во одржување на цврстината и еластичноста на кожата и витамини Ц и Б кои значително придонесуваат за нејзиното здравје. Сокот од целер ќе ви помогне да се ослободите од несаканите акни. Освен за кожата, целерот е корисен и за здравјето на косата и очите.
Го намалува холестеролот
Лабораториски истражувања од Универзитетот во Чикаго докажаа дека хемиското соединение од целер помага во намалување на ”ЛДЛ” (лошиот) холестерол. Имено, целерот го намалува нивото на холестерол за дури седумпати ако пиете сок од дршка од целер само четирипати неделно. Покрај тоа, помага при лачење на жолчни киселини. Сепак, мора да бидете трпеливи и упорни, бидејќи резултатот може да се појави само по 8 недели.
Го намалува ризикот од појава на чир на желудник
Најновите истражувања покажаа дека целерот има повеќе од корисен ефект врз намалување на појавата на чир на желудник, како и на бактериите што го предизвикуваат. За лекување на чиреви, препорачливо е да пиете сок од целер секој ден, но и да го јадете во свежа форма.
Го регулира правилното варење на храната
Сокот од дршката на целерот ја зајакнува хлороводородната киселина во организмот, одговорна за варењето на храната. Кога јадете, храната оди во стомакот и се вари таму со помош на хлороводородна киселина. Меѓутоа, ако нивото на хлороводородна киселина не е во рамнотежа или е многу ниско, храната во стомакот нема да се свари доволно, формирајќи лоши киселини.
Една чаша сок од целер, наутро на празен стомак, ќе ви помогне правилно да се свари храната што ќе ја консумирате во текот на целиот ден. Специјалните хранливи материи од целерот помагаат во регулирање на подвижноста на цревата, што го прави природен лаксатив. Помага при ублажување на надуеност и запек.
Го одржува здравјето на уринарниот систем
Една од придобивките на овој сок што не смееме да го изоставиме е неговиот диуретичен ефект. Целерот му помага на телото да се ослободи од токсините од телото, а тоа вклучува и разградување на камењата во бубрезите или жолчката. Сокот од целер е богат со калиум и натриум, кои го стимулираат производството на урина, го намалуваат нивото на мочна киселина и му помагаат на телото да се ослободи од вишокот течности.
Покрај тоа, тој овозможува правилно функционирање на бубрезите и мочниот меур и го намалува растот на бактериите. Ако страдате од чести воспаленија на уринарниот тракт, започнете редовно да консумирате сок од целер што е можно поскоро. Маслото од целер делува и против бактеријата Ешерихија Коли.
Го ублажува менструалниот циклус
Сокот од целер им помага на жените кои имаат болни менструални циклуси. Исто така, помага во лекување на репродуктивни инфекции.
Помага при слабеење
Целерот содржи супстанции кои предизвикуваат регулација на шеќерот во кр-вта во човечкото тело и ја згаснува желбата за слатки. Богато со растителни влакна ја намалува потребата од прејадување, а голем дел од водата помага да се чувствувате сити подолго време.
Голем процент вода го прави целерот идеална летна храна со која можете да му ги обезбедите на организмот потребните количини на течности. Покрај тоа, ова растение нискокалорично, односно во 100 г целер се содржат само 7 калории.
Токму поради ниската калорична содржина, целерот е одличен како закуска, помеѓу оброците за време на диетата. Тој му обезбедува на организмот важни хранливи состојки кои го регулираат метаболизмот на мастите.
Одличен е како алтернатива на антидепресивите
Бидејќи е богат со магнезиум, калиум и калциум, сокот од целер има многу смирувачки ефект врз нервниот систем, со што се намалува стресот и помага во борбата против анксиозноста. Дури и Хипократ препишувал сок од дршка од целер на пациенти со потешкотии во нервниот систем.
Недостаток на магнезиум може да предизвика многу здравствени проблеми, вклучувајќи отежнато опуштање и спиење. Затоа сокот од дршки од целер често им се препорачува на оние кои страдаат од несоница.
Ја враќа енергијата
Ако само што сте направиле исклучително силен тренинг или едноставно сте имале напорен и стресен ден на работа, на вашето тело му е потребна енергија, а сокот од дршката на целерот е добар за враќање на силата. Целерот содржи високо ниво на природни електролити кои имаат важна улога во одржувањето на енергетската врска помеѓу вашите клетки и им овозможуваат непречено да работат.
Го освежува здивот
Грицкањето на свежа дршка од целер или пиењето сок од целер може да го отстрани лошиот здив. Имено, крцкавата структура на стеблото ја зголемува количината на плунка во устата и со тоа се отстранува лошиот здив.
Рецепт за сок од целер
Потребни состојки: 220 г сечкани стебленца целер, 1 мала шолја вода.
Подготовка: Добро измијте ги и исечкајте ги стебленцата на целерот на парчиња.
Исечете го стеблото од целер на парчиња. Ставете ги во соковник, а потоа додадете малку вода. Вклучете го соковникот и оставете го да работи додека да добиете течност, без парчиња или остатоци од целер. Сокот може, но и не мора да го процедите.
Ако сакате брзо и ефикасно да го лекувате и подобрите вашето здравје, воведете во исхраната сок од дршки од целер во вашата дневна рутина
Пијте околу 200 мл свеж сок секое утро на празен стомак. Обидете се да не додавате други состојки во сокот. Сокот од целер е медицински, а не калоричен пијалак, затоа појадокот после пиењето на сокот е задолжителен. Почекајте најмалку 15 минути откако ќе го испиете сокот пред да појадувате.
Ако на почетокот ви се чини многу 200 мл сок, започнете со помало количество или во комбиција со други овошја, а постепено зголемувајте ја количината до 200 мл. Иако, забележуваме повторно, најголемата придобивка од овој сок се добива доколку се консумира без дополнителна храна. Освен наутро, можете да го пиете и попладне.
Ако на почетокот сè уште ви е тешко да се навикнете на силниот вкус на сок од целер, препорачуваме да пробате сок од целер, брокула, моркови и краставица
Потребни состојки: 150 г целер (3 стебленца), 250 г брокула (3 средни соцветија), 250 г моркови, 100 г краставица.
Подготовка: Измијте ги и исчистете ги потребните состојки, и излупете ги морковите и краставиците. Исечкајте ги на парчиња, а потоа сите зеленчуци ставете ги во блендер. Блендирајте додека да добиете совршена текстура без остатоци.
Претурете го сокот во чаши и испијте го свежо подготвен. Доколку сокот е премногу густ, но не би требало, тогаш разредете го со малку вода. Иако има многу придобивки, сокот од целер не се препорачува за секого.
Целерот, како и многу други билки, може да предизвика алергиски реакции. Ако сте алергични на диви моркови, бреза, глуварче или црн пелин, многу е веројатно дека сте алергични и на целер. Доколку не сте сигурни, обратете внимание на појавата на симптоми на алергија, како што се: осип, чешање, отежнато дишење, отекување на усните и јазикот и слично.
Исто така, целерот во која било друга форма во никој случај не се препорачува за бремени жени и доилки. Ако имате закажана операција, не пијте сок од целер најмалку две недели пред тоа. Консултирате се со вашиот лекар за да избегнете можни несакани ефекти. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска