Ако често ве боли желудникот добро е да посетите лекар и да проверите која е причината за болките. Во меѓувреме, можете да го приготвите овој природен напиток, за кој многумина велат дека им помогнал да се ослободат од болките во желудник.
Желудечните проблеми не се непознатица, особено после празничните прејадувања. Меѓутоа, некои луѓе имаат хронични болки особено после јадење на некоја одредена храна.
Каско многу ефикасен се покажал ѓумбирот кој има способност да ја намали болката и воспалението. Исто така, помага во ублажувањето на артритисот, менструалните грчеви и главоболки. Тој исто така помага да се стимулира циркулацијата и да се спречи настинката.
Ѓумбирот исто така ги инхибира бактериите како што се салмонелата, а која може да доведе до болести како што е дијареата. Ѓумбирот може да помогне во намалување на гасовите и болните грчеви во дигестивниот систем и да спречи чир на желудникот.
Потребни состојки:
200 мл кокосово млеко
1 лажичка куркума во прав
1 лажичка ѓумбир во прав
¼ лажичка свежо мелен црн пипер
1 лажица квалитетен мед
Постапка:
Сите состојки освен медот измешајте ги во тенџере и ставете на оган да се загрее. Гответе го на тивок оган околу 5 минути, а потоа додадете го медот. Овој напиток се пие секоја ноќ пред спиење.