Овој природен рецепт против кашлица и бронхитис беше награден за неговата ефикасност и придонес за здравјето на луѓето.

Фото и рецепт: Сузана Грња – природен лек за кашлица и бронхит.

Ова е рецепт кој беше награден од “Народен лекар”. Содржи природни состојки, добро познати кои секој ги има во својата кујна.

Се приготвува одвечер (потребни се 10 часа за киснење на лукот), па затоа штом почувствувате слабост и се сомневате на настинка, пригответе си го овој природен лек.

Успешно се изборува против сите патогени микрооорганизми кои го напаѓаат организмот. Освен тоа, ја смирува кашлицата и инфекциите во грлото и белите дробови.

Потребни состојки:

50 г лук
100 мл вода
1 лажичка мед
1 лажица јаболкова киселина

Постапка:

Лукот излупете го и ситно исечкајте го. Колку поситно толку подобро. Потоа прелијте го со 100 мл вода, поклопете го и оставете го вака да кисне десет часа.

После тоа процедете ја течноста, па додадете мед и оцет и добро промешајте.

Употреба: Се консумира по мала лажичка трипати дневно пред јадење, сè додека имате тегоби. Лекот се чува во фрижидер.