Природен лек за реанимација на болни и суви растенија…Ги активира и ги поттикнува на растење и цветање…

Еве како да го направите најдоброто бесплатно органско ѓубриво за сите ваши домашни растенија.

Користејќи само талог од банана и кафе, ќе можете да направите одлично ѓубриво за сите ваши растенија, тие ќе растат зелени, убави, со здрави корења, прекрасни цветови користејќи само банана и кафе.

Овој природен препарат делува за секое растение, погледнете го неверојатниот резултат. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 банана
1 литар вода
2 полни супени лажици талог од кафе

ПОСТАПКА:

1.Целата банана сосе кора ставете ја во блендер, сипете вода и миксејте додека да добиете изедначена смеса. Ако блендерот ви е помал, бананата исечете ја на помали парчиња. Потоа течноста процедете ја.

2.Во процедената течност додајте 2-3 лажици талог од кафе и промешајте.

3.Целата содржина сипете ја во големо пластично буре/шише од 5 литри и дополнете со вода. Добро протресете го за да се промеша.

УПОТРЕБА: еднаш месечно полевајте ги сите ваши растенија со ова природно ѓубриво. Постапката погледнете ја ОВДЕ.