Лековито вино со рузмарин!

Потребни состојки:

40 гранчиња рузмарин, само врвовите
1 литар домашно црно вино

Постапка:

Потребно ви е домашно црно вино без конзерванси, кое ќе го претурите во пошироко шише или тегла во која ќе потопите 40 врвови рузмарин, долги 3-4 см.

Оставете на темно да отстои неколку денови. Времето не е прецизно.

Почнете да го пиете секое утро на празен стомак по една ракиена чашка, без да го процедите рузмаринот.

Количината е доволна за еден месец.