Ако го сакате ренот сигурно ви е познато чувството кога ќе семете залак свежо изрендан корен рен – врела топлина од која ви избиваат солзи на очи, но и топло чувство во целото тело, особено во градниот кош.




Германците особено го сакаат ренот како природен лек кој го прочистува целиот организам, а во продолжение на текстот можете да прочитате повеќе начини и рецепти со кои на најдобар начин ќе можете да го искористите овој дар на природата.




Верувале или не, витаминот Ц содржи двојно повеќе витамин Ц отколку лимонот. Покрај него, богат е и со витамин Б и разни минерали како калиум, калциум, железо, магнезиум, фосфор и силициум.




Сирупот од рендан рен со мед, прополис и анасон се препорачува како еден од најдобрите природни сирупи за лекување на сите воспалителни болести на белите дробови и воопшто на целиот респираторен систем.




Ренот ја поттикнува работата на жолчното кесе, црниот дроб, панкреасот, цревата и желудникот. Помага против болести на уринарниот систем и бубрежни каменчиња, ублажува болки при ревма и артритис, ја прочистува кожата.




РЕЦЕПТ. Во свежо изрендан рен додајте малку јаболкова или винска киселина и малку мед, па неколку пати во текот на денот земајте на почетокот по половина, а потоа (кога се навикнете) и по цело кафено лажиче од добиената смеса. Може да го приготвите и следниот рецепт:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажичка свежо рендан рен, 1 лажичка ситно сечкан или мелен кромид, 5 лажици вода, 5 чајни лажички домашен, квалитетен мед. Постапка: помешајте го ренот со медот, па додајте го кромидот и водата.




Добро промешајте, па смесата ставете ја на оган да зоврие еден „клуч“ и веднаш тргнете, поклопете и оставете да се олади. УПОТРЕБА: Неколкупати во текот на денот по една мала лажичка.




ОБЛОГА ЗА РЕВМА И АРТРИТИС. Ставете свежо рендан рен во памучна ткаенина и поставете на болното место, така што платното да биде во допир со кожата. Тргнете ја облогата кога ќе почувствувате жарење, бидејќи ренот може да предизвика непријатни меури и изго-реници. Пред и после облогата намачкајте ја кожата со маслиново масло.




ОЦЕТ ОД РЕН ПРОТИВ АКНИ. 100 г рендан рен ставете во тегла и прелијте со 1 литар овошна киселина. Тоа може да биде и домашна јаболкова киселина. Оставете да се натопува во оцетот десет дена со повремено протресување.




Потоа процедете ја течноста преку газа и добро исцедете го ренот. Овој оцет се користи разреден со вода за третирање на акни и митесери. Течноста можете да ја нанесувате со помош на памук, а потоа после десет минути потребно е да се исплакне со млака вода.