„Драги пријатели, се надевам дека со овој природен лек ќе ви биде подобро, но во секој случај не го заобиколувајте ниту својот лекар“, вели Том Филос, откривајќи го рецептот за еден стар домашен лек кој се покажал како многу ефикасен кога станува збор за кашлица и настинки.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 ловорови листови, 2 чешниња лук, ѓумбир со величина на палец, 1 добро измиена главица кромид, 300 мл црно вино, 100 г шеќер




ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете десет ловорови листови, две ситно исечкани чешниња лук, свеж ѓумбир изрендан (со величина на палец), па додајте убаво измиен кромид на кој сте му ги отстраниле само краевите, пресечен на половина, неизлупен.




Откако ќе зоврие виното, поклопете го тенџерето и намалете ја температурата на тивко и оставете да се вари 15 минути. По изминатото време добро процедете ја течноста во посебен сад.




Во друго помало тенџере (но, високо), ставете 100 г шеќер да се растопува на тивок оган. Не го мешајте шеќерот, туку само протресувајте го тенџерето додека целосно да се карамелизира.




Во карамелот додајте ја процедената течност и веднаш намалете ја температурата на најниско. Очекувајте дека веднаш ќе се запени и подигне, па затоа бидете внимателни да не ви претече.

Фото и рецепт: Веселинка




По потреба тргајте го тенџерето од рингла и враќајте го. Откако ќе се „смири“ пењавењето, оставете на твко да се готви уште пет минути додека целосно да се растопи карамелизираниот шеќер.




Добиениот сируп складирајте го во соодвено стаклено шишенце или тегла и затворено чувајте во фрижидер. УПОТРЕБА: трипати дневно по една супена лажица, половина час пред главните оброци. Деталите од постапката за приготвување погледнете ги во видеото ОВДЕ.