Гихтот е познат како најстара болест на светот – постоењето на овој вид артритис се забележува уште од времето на древниот Египет.

Станува збор за воспаление, проследено со силна болка, црвенило и оток предизвикан од акумулација на урична киселина.

Оваа состојка обично се исфрла од организмот преку урината, но ако во организмот има прекумерна количина, или бубрезите не ја елиминираат правилно, тогаш доаѓа до нејзино акумулирање.

Овие остри кристали се акумулираат во зглобовите, најчесто во нозете и создаваат силна болка. Прв препознатлив симптом е болка во ножниот палец.

Потребни состојки:

1 литар вода

3 лажици мед

1 лимон – сокот

Постапка:

Водата ставете ја на оган да зоврие и додадете го лимоновиот сок. Водата ќе запени, но оставете вака да вари 20 минути.

Процедете низ газа за да се филтрира течноста, па додадете три лажици мед или помалку.

Испијте една чаша топол чај пред појадок.

Втората чаша (загреан чај) испијте ја 15 минути после ручек.

Третата чаша топол чај испијте ја половина час после вечера. Доколку не вечерате, испијте ја еден час пред спиење.

На овој начин ќе го поттикнете исфрлањето на уричната киселина, бидејќи овој напиток алкализира и делува како природен пуфер за одржување на рН вредноста и исфрлање на штетните материи.