Анемијата е чест здравствен проблем кој може да се појави на која било возраст кај една личност. Лековите за нејзино лекување, дури и на природна основа, обично имаат вкус кој не е допадлив, а тоа може да биде проблем, особено ако се работи за деца или луѓе кои се пребирливи за храна.




Постојат многу причини кои можат да влијаат врз кpвната слика, а некои од нив се нездравата исхрана со недоволна конcyмација на овошје и зеленчук. Исто така и болестите можат краткорочно да ја сменат кpвната слика, па дури и обична настинка или инфекција во телото, се прикажува со зголемени вредности на бели кpвни клетки, леукоцити.




Иако некои отскокнувања на нормалните вредности на кpвната слика се повремени, добро би било навремено да ги peгулирате со природни лекови од народната медицина со претходна конcyлтација на вашиот лекар. Следниот рецепт од народната медицина се подготвува од јатки и мед:




„Знаејќи за мојот проблем со анемијата, овој рецепт ми го испрати еден пријател на кој сум му бескрајно благодарна, бидејќи конечно најдов препарат чиј вкус ми се допаѓа и можам редовно да го јадам без да ми здодее“, пишува читателка.




Оваа одлична комбинација може да му помогне на организмот и тоа на неколку нивоа. Изобилува со неопходни нутриенти кои во секојдневната исхрана не ги внесуваме доволно, а во оваа смеса се сконцентрирани во една лажичка. Комбинацијата од мед и јатки го подобрува имунитетот за многу кратко време. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг мед, 100 г сусам, 100 г ленено семе, 100 г несолени кикирики, 100 г семки од тиква, 100 г семки од сончоглед, 100 г урми, 100 г суви смокви, 100 г суво грозје, 100 г лешници, 100 г бадеми, 100 г ореви.




ПОСТАПКА: Сомелете ги или изблендирајте ги сите состојки во мyлтипрактик или блендер и потоа измешајте ги со медот кој треба да биде природен, од сигурен производител. Целата смеса се складира во голема тегла или во неколку помали теглички.




Смесата е прилично густа и малку потешко се промешува, па за таа работа можете да ангажирате припадник на посилниот пол. За подобрување на кpвната слика и воопшто на имунитетот, конcyмирајте по две до три лажици од оваа смеса дневно, најдобро половина час пред главните оброци. Доколку од некои причини овој рецепт не ви одговара, испробајте го вториот кој се приготвува од 4 состојки:




Може да го прочитате и следниот рецепт кој во праксата се докажал како многу ефикасен. Следниот лек се прави од значително помалку состојки, но сепак во неговиот состав содржи комбинација од мед и семе од коприва, кој е главниот лек подобрување на кpвта.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г мед, 50 г семе од коприва, 2 лимони, 100 г сечкани бадеми. ПОСТАПКА: Бадемите (сирови) исечкајте ги или сомелете ги на ситни парчиња. Исцедете го лимонот. Во поголем сад измешајте ги медот, семето од коприва, лимоновиот сок и бадемите.

Потоа префрлете ги во тегла и чувајте го препартот во фрижидер. Овој лек се користи исто како и претходниот, се конcyмира по 1 лажица, 3 пати на ден, додека да ја потрошите целата количина (една доза), а потоа се прави пауза. / Сoolinarka.сom