ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ ПОКАЧЕН ШЕЌЕР И ХОЛЕСТЕРОЛ ВО КРВТА: Само 3 состојки, а прави чуда…Како брзо да го намалите холестеролот и високиот шеќер во крвта? Потребни се само три состојки за да приготвите одлично природно средство кое е многу лековито.

Овој природен препарат за намалување на шеќерот во крвта не е наменет само за луѓето кои го имаат овој проблем. Дава одлични резултати и кај покачен холестерол и покачени триглицериди во крвта.

Доволно е да консумирате по една лажица на празен стомак секој ден. Потребни се три состојки: целер, лимон и ловоров лист. Еве го деталниот рецепт и потребните состојки:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 корен од целер
2 лимони
4 ловорови листови
400 мл вода

ПОДГОТОВКА:

Лимоните добро измијте ги во вода со сода бикарбона и истријте ги со чист, нов сунѓер, бидејќи за овој рецепт се користат цели плодови, сосе кора. Исечете ги на половина и исцедете го сокот и сочувајте го за крај.

Кората од лимонот не ја фрлајте, туку исечкајте ја на ситни коцкички. Лимонот содржи хеспертин, многу важна состојка која го намалува шеќерот во крвта, благотворно делува при ретинопатија (често предизвикана од дијабетес.

Во кората од лимонот се содржат големи количини од важни минерали како што се калиум, магнезиум и калциум, многу повеќе отколку што се содржи во сокот. Овие минерали ги релаксираат крвните садови и го намалуваат крвниот притисок.

Благодарение на флавоноидите, лимоновата кора успешно го намалува холестеролот и придонесува за подобро здравје на срцето.

Целерот добро измијте го, излупете го и исечкајте го на мали коцкички. Потребен ви е еден поголем корен. Богат е со витамините А, Ц, К и Е, како и многу минерали (калциум, железо, бакар и манган), есенцијални масла и диетални влакна.

Содржи многу малку калории, па одличен е како диетална храна. Најмногу им се препорачува на дијабетичарите и на луѓе со висок холестерол и триглицериди.

Ловоровиот лист има моќни антиоксидативни својства и успешно го намалува шеќерот во крвта, а ги ублажува и несаканите ефекти кај дијабетес тип 2.

ПОСТАПКА:

Сечканата лимонова кора, целерот и ловоровите листови ставете ги во тенџере и залијте ги со две чаши вода, да се прекријат сите состојки. Вклучете ја ринглата на највисока температура, па штом зоврие намалете и гответе 20 минути.

Проверете дали целерот омекнал, па тргнете го тенџерето настрана и оставете го поклопено да се лади 2 часа. Потоа извадете ги ловоровите листови и сипете ја течноста во чаша (околу 200 мл се добива).

Оваа течност можете веднаш да ја испиете, одличен напиток за зајакнување на имунитетот, против настинки и вирози.

Кората од лимон и коренот од целерот ставете ги во блендер и сомелете ги во изедначена смеса. На половина од миксањето додајте го лимоновиот сок (претходно што го исцедивте од двата лимона).

Добиената смеса складирајте ја во чиста, стаклена тегла. Оваа цела тегла треба да се потроши во следните 2 месеци, а се чува добро затворена во фрижидер.

УПОТРЕБА: По една мала лажичка секое утро на празен стомак. Деталите од целата постапка и објаснувањето погледнете ги ОВДЕ.