Лековитите својства на црниот ким биле познати уште во времето на Антички Египет, па дури и порано, но тие биле научно докажани само во поновата историја, кога започнала популаризацијата на ова исклучително лековито растение. Други имиња за римски коријандер и хорокот.
Семето од црн ким има идеален хемиски состав. Содржи протеини, јаглехидрати, заситени и незаситени масни киселини, ниацин, фолна киселина, калциум, железо, бета каротен и многу други високо нутритивни состојки.
Благодарение на неговиот состав, црниот ким ја враќа рамнотежата во сите системи, а неговото дејство не е ограничено на одделни органи, туку го опфаќа целиот организам преку имунолошкиот систем.
За црниот ким често се вели дека ги лекува сите болести. Списокот на болести на кои црниот ким може позитивно да влијае е навистина долг. Сепак, треба да се напомене дека се спроведени повеќе од 200 студии во различни институти и универзитети, што сугерираат на позитивен ефект на црниот ким во следните заболувања и е научно докажан.
Црниот ким се користи во лекувањето на мултипла склероза, ревматоиден артритис, псоријаза, астма, висок холестерол, висок кр-вен притисок, бактериски и вирусни инфекции, акни, главоболка, воспалени синуси, бубрежно камче, инфективна мононуклеоза и уште многу други патолошки состојби.
Црниот ким се користи и за козметички цели, помага во зајакнување на косата и ноктите, спречува опаѓање и првут. Исто така, помага при чувствителна кожа склона кон црвенило и воспаленија и се верува дека ги намалува постоечките, но исто така спречува и формирање на нови брчки.
Црниот ким, како што веќе споменавме го зајакнува имунитетот. Ослабениот имунитет може да се препознае со симптоми како што се чести воспаленија и инфекции, слабост, исцрпеност, замор и чести главоболки.
Во случај да ги имате горенаведените симптоми, маслото од црн најдобро е да се консумира трипати на ден после јадење, во количина од 40 капки, маслото може да го консумирате самостојно или да го мешате со малку мед, бидејќи има многу силен и горчлив вкус.
Црниот ким е особено корисен во лекувањето на алергија. Долготрајната употреба на масло од црн ким дава извонредни резултати кога станува збор за намалување на интензитетот на симптомите на алергија.
Маслото од црн ким покажува најдобри резултати во третманот на луѓе кои имаат алергиски ринитис, астма и невродерматитис. На третманот се пристапува на ист начин како и во случај на ослабен имунитет, односно 40 капки (една лажица) трипати на ден.
Зголемениот холестерол не е лесно да се намали. Зголемените нивоа на холестерол се проблем што најчесто е одговорен за години живеење нездрав начин на живот и лоши навики на јадење.
Зголемените нивоа на холестерол се нормализираат со терапија со разни билки. Дневно е потребно да се консумира половина лажичка масло од црн ким за ефективно намалување на холестеролот.
Времетраењето на терапијата е 20 недели. Во народната медицина, маслото од црн ким се користи и во третманот на дијабетес. Неопходно е да се консумираат 2 лажички масло од црн ким трипати на ден.
Тимокинонот е една од состојките на црниот ким. Тимокинон, според научниците, го запира растот на туморските клетки во случај на рак на панкреас. Ова е причината зошто црниот ким може да им помогне на луѓето кои биле подложени на хемотерапија и на луѓето кои се изложени на зголемен ризик од развој на рак.
Маслото од црн ким помага во ублажување на штетните ефекти на радиолошката терапија. Студиите покажаа дека маслото од црн ким ублажува и делува превентивно врз последиците како што се: оштетување на кожата, оток, лузни и фиброза.
Во случај на рак, црниот ким најдобро е да се користи 20 капки трипати на ден. Целосниот ефект на маслото од црн ким обично се јавува по 8-12 недели редовно консумирање.
Растително масло од црн ким исто така е тестирано на габичните инфекции. Ова масло е ефикасно при лекување на габични инфекции на кожата, скалпот, ноктите и гени-талиите. Може да се користи дермално и орално.
Маслото од црн ким има корисен ефект врз сувата и лушпеста кожа. За нега на коса, може да се користи како пакување или доволно е да се мачкаат две капки во скалпот после миење на косата.
Маслото од црн ким може да се зема орално, после јадење. Маслото од црн ким има силен – ароматичен вкус, кој многу добро се маскира со некои природни слатки сирупи, како што е сирупот од агава или мед. Вообичаената доза за возрасни е две лажички двапати на ден.
Исто така, маслото од црн ким може да се користи како зачин при готвење или директно нанесување на кожата. Најчесто може да се најде на пазарот во форма на растително масло од семе, а поретко како есенцијално масло и во форма на капсули.ж
Иако е лековито и влијае на широк спектар на болести, маслото од црн ким не е погодно за орална употреба кај бремени жени, доилки и мали деца. Семето од црн ким најмногу се користи како зачин во Индија, Египет, Турција, Бангладеш и други земји од Блискиот исток.
Како зачин, главно се користи во подготовка на јадења од зеленчук, ориз, за ароматизирање салати и украсување при готвење. Семето од црн ким е исто така лековито.
Има докажано антивирусно, антибиотско и антифугално дејство. Помага во борбата против бројни бактериски и вирусни инфекции, настинки и други сезонски болести. Семето на црн ким содржи повеќе од 100 хемиски супстанции кои влијаат позитивно на здравјето.
Природен лек од црн ким и лимон за сите болести
Рецепт на Луна од „Мојата Животна Приказна“. Овој лек ги лекува сите болести, а се подготвува многу лесно и едноставно. Може да се консумира и како превентива, а потребни ви се само неколку состојки за негова подготовка.
Потребни состојки: 4 лимони, 6 -7 лажици масло од црн ким, семе од ким, шафран, хималајска сол, органско маслиново масло.
Подготовка: Потребни ви се 2 лимони да ги искористите со се кората во подготовка на овој рецепт. Така да, користете органски лимон од познат производител или доколку имате лимони од супермаркет најпрво оставете ги да отстојат во вода со сода бикарбона.
Моите лимони се органски и само ги измив под млаз вода пред подготовка. Лимонот пресечете го на четири делови, односно пресечете го така што со ножот да не добиете поделени делови од него. Потребно е лимонот да остане непресечен на дното, а одозгора пресечените делови да ја покажат внатрешноста на лимонот.
Во пресечениот лимон додајте хималајска сол во внатрешноста. Слободно додајте повеќе хималајска сол која претходно треба да биде сомелена. Потоа додајте го црното семе од ким. Бидете внимателни на секоја страна од лимонот да има црн ким.
За овој лек нема одредена количина, затоа е важно да додадете еднакво на сите страни од состојките. Потоа се додава сувиот шафран. Шафранот е еден од најдобрите зачини на светот, кој многу тешко се собира, но има и многу лековити својства.
Вака подготвениот лимон се става во поголема чиста тегла. Ако имате место за уште еден вака подготвен лимон, повторете ја истата постапка на подготовка и додајте го во теглата за уште поголеми лековити својства.
Сите состојки може да ги најдете во продавница за здрава храна или да ги нарачате преку Интернет. Овој лек е многу стар, користен од дамнешни времиња, а се покажал и како многу лековит. Бројни сведоштва докажуваат дека овој лек го користат за лекување на ракот.
Овој лек е познат во азиската традиционална медицина, а јас го добив од ирански доктор. Докторот специјално ми го потенцираше лекот за сите болести, покрај сите други.
Откога ќе го ставите и вториот лимон во теглата, додајте 6 – 7 лажици масло од црн ким во теглата. Доколку ви преостана семе од ким и шафран, додајте уште по 1 кафена лажица во теглата.
Потоа процедете го сокот од преостанатите 2 лимони и додајте го во теглата. Може да наросите и уште малку хималајска сол во теглата. На крајот прелијте ја смесата со маслиново масло процедено од прва рака до врвот на теглата.
Добро затворете ја теглата и ставете ја покрај прозор или на некое друго место изложена на директна сончева светлина. Потребно е теглата да се протресува трипати дневно, а на сонце потребно е да отстои 3 седмици (21 ден).
По изминатото време, добиената смеса може да ја консумирате процедена директно од теглата или да ги изблендирате сите состојки во блендер, а потоа да ја складирате смесата во тегла која ќе ја чувајте на суво и темно место.
Консумирајте по 1 супена лажица, трипати на ден пред секој главен оброк. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска