Природната козметика отсекогаш се користела за третирање на неправилностите на лицето, како што се бpчките. Постојат многу билки и масла кои значително го подобруваат тонусот на кожата и помагаат во одржувањето на младешкиот изглед на кожата. Жените, постојано се во потрага по разни креми и масла кои ќе можат да ги поправат сите неправилности на лицето.




Познато е дека со текот на годините, еластичноста на кожата на лицето се намалува, а тоа се должи на губитокот на колаген. Колагенот уште се нарекува „лепак кој го држи телото.“ За да го стимулирате производството на колаген важно е да следите неколку совети.




Важно е да јадете богата и нутритивна храна со многу витамини и минерали, а предност се дава на витаминот Ц и антиоксидантите. Важно е да се минимализира консумацијата на шеќери, а да се зголеми внесот на течности (вода и билни чаеви). Постојаната нега на лицето уште од младите години значително ќе влијае на количеството на колаген во подоцнежните години.




Во продолжение може да прочитате рецепт за златно масло кое ја прави кожата да изгледа 10 години помладо. Ова масло помага во зголемување на текстурата на кожата и ги намалува брчките. Кожата станува мазна и мека, а шминка нема да има потреба да нанесувате премногу, ќе биде доволно само за „декорација“ и надополнување.




Понекогаш кожата на лицето станува побледа, а ова масло помага во враќање на здравиот изглед на лицето. Коментар од читателка: „Невработена сум веќе 1 година. Почнав да спијам колку што сакам и кога сакам. Често пешачам на свеж воздух, какво и да е времето. Почнав да го користам и ова масло за лице.




Моите пријатели последен пат кога ме видоа се изненадија колку сум освежена и поубава, и што е најважно, лицето ми изгледа регенерирано. Одморот, свежиот воздух, правилната исхрана и козметика се клуч за продолжување на младешкиот изглед,“ вели таа. Еве што ви е потребно за да го подготвите маслото:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 портокал, 1 морков, 6 ловорови листови, 50 мл ладно цедено маслиново масло, 2 големи лажици кокосово масло. Кога ќе ја потрошите првата доза, свежо подгответе си нова доза од маслото.




ПОСТАПКА: Земете еден портокал и ставете го во сад, па прелијте го со вода. Додајте 1 лажичка сода бикарбона и оставете го портокалот да отстои околу половина час. Потоа, истријте го со содата уште малку за да излезат сите нечистотии од него. Исплакнете го портокалот со вода, исушете го, па изрендајте ја кората.




Складирајте во помала тегличка. Морковот излупете го, па изрендајте го на ситно, исто како кората од портокал и додајте го во тегличката. Кората од портокал содржи многу витамин Ц кои помагаат во стимулација на колагенот и осветлување на лицето. Морковот содржи витамин А кој помага во регенерација на оштетените епителни клетки.




Ловоровите листови скинете ги на помали парчиња и додајте ги во садот со моркови и кора од портокал. Прелијте со 50 мл маслиново масло и 2 лажици кокосово масло. Малку промешајте. Земете една поголема тегла или тенџере и обложете со дебела газа или памучна крпа.

Ставете ја малата тегличка со состојките врз газата, па од страните прелијте со вода. Ставете на оган водата да се загрее и гответе околу 15 минути со константно мешање на содржината во малата тегличка. По изминатото време, процедете ја содржината во чиста тегла. Ова масло нанесувајте го навечер на лицето со длабинско масирање, додека кожата малку да се вцрви и да се поттикне циркулацијата. Деталите погледнете ги ОВДЕ.