Тегавецот помага при исфрлање на секретот, смирување на кашлицата, астма, воспаление на бели дробови, а создава и аверзија кон пушењето, односно ја намалува желбата за никотин, па пушачите полесно се откажуваат од лошата навика.
Тегавецот пред сè се користи при заболувања на дишните органи, особено при силно воспаление, кашлица, зарипнатост, белодробна астма, па и кај белодробна туберколоза.
Познатиот билкар Јохан Кунзле од Швајцарија, познавач на лековитите моќи на билките, вели: “Сите видови на тегавецот ги користиме цели, со корен, билката, цветовите и семето.”
Ја чисти крвта, белите дробови и желудникот како ниедна друга билка, па добар е и за оние луѓе кои се слабокрвни или имаат лоша крв, слаби бели дробови и бубрези, бледи се, имаат јадеж, лишај или поткашлуваат, зарипнат им е гласот или се слаби иако добро се хранат.
Помага и за слабички деца и за болежливи деца, кои и покрај добрата исхрана заостануваат во растот.
ТЕГАВЕЦОТ И НЕГОВИТЕ ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА
Кај бронхитис, белодробна и бронхијална астма многу добро делува чајот приготвен на следниот начин:
-Во шолја ладна вода ставете парче лимон (ако е прскан, тогаш без кора) и полна чајна лажичка интегрален (кафеав) шеќер. Ставете на оган да зоврие, се остава некоја минута, па се трга од оган и дури тогаш се додава полна чајна лажичка од чајната мешавина. Се остава да отстои половина минута.
Во потешки случаи мора по 4-5 пати дневно да се приготвува свеж чај. Се пие голтка по голтка, толку врел колку што можеме да поднесеме.
Тегавецот уште одамна е омиленото средство за лекување на рани. Свежи и издробени листови помагаат кај гребаници, исеченици, убоди од оса и други рани.
Тегавец за жуљеви/калуси/тврда кожа
Ставете лист од тегавец во чевлите и ќе се ослободите од проблемите кои ги имате со стапалата. Облогата менувајте ја почесто во текот на денот.
ЗА ГУШАВОСТ
Со свежи листови издробени помеѓу двете раце и помешано со малку сол, се става околу вратот.
ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ЧАЈ
Една до врв полна чајна лажичка лист се попарува со 250 врела вода, се остава кратко да отстои, по што се процедува и се пие топло.
ЧАЈНА МЕШАВИНА
Една до врв полна чајна лажичка мешавина од тегавец и мајчина душичка во еднакви делови, се попарува со 250 мл врела вода. По 5 минути се процедува и се пие топло.
ОБЛОГА ОД ЛИСТ
Свежи листови тегавец се мијат, се гмечат во каша и се ставаат на заболеното место.
ТЕГАВЕЦ И МАЈОРАН
Секој оток спласнува ако го обложуваме со листови од тегавец. Листовите помагаат дури и кај отечени жлезди. Во тие случаи добро е да се стави свеж мајоран, а во итни случаи ако нема свеж, тогаш сув натопен во маслиново масло.
Потоа се става лист од тегавец и се фиксира со крпа.
КАКО СЕ ПРАВИ СИРУП ОД ТЕГАВЕЦ
Прв начин: Две полни раце измиени листови од тегавец, сомелени во машиина за мелење месо, па се додава малку вода колку да не се залепи, 300 г нерафиниран шеќер и 250 г мед.
Со постојано мешање нека се вари на тивок оган додека да згусне и тогаш уште додека е топло се складира во тегли, се затвора, па се чува во фрижидер.
Втор начин: Во стаклена тегла наизменично се редат измиени листови од тегавец и ред нерафиниран шеќер, па сето убаво се притиска.
Масата че слегне, па следните денови се ставаат нови слоеви, се додека во теглата нема повеќе место.
На заштитено место во дворот се копа дупка и во неа се става теглата завиткана со 3-4 слоеви целофан. Одозгора се става даска, а врз неа камења. Сето се затрупува со земја.
Од рамномерната температура во земјата, се создава сируп во теглата, а после приближно 3 седмици се вади теглата, а смесата се процедува. Уште еднаш се става на оган за да се стерилизира, па се складира во шишенца и добро се затвора.
Оние кои немаат двор, може да ја остават теглата на сонце или во близина на некој извор на топлина, толку долго додека е потребно да се создаде сируп. И овој сируп исто така, треба да се стави еднаш да оган да проврие.