Лукот има антибактериски и антивирусни својства поради состојката алицин што ја содржи во сирова состојба.
Сирупот од лук е одличен за повеќето инфекции на бели дробови, вклучително и болки во грлото и засипнатост, кашлица, астма, потешкотии во дишењето, како и за хроничен бронхитис.
Потребни состојки:
1 главица лук
½ шолја вода
¼ шолја домашна јаболкова киселина
½ шолја мед
Постапка:
Исечкајте го лукот и додадете ги останатите состојки. Смесата се остава цела ноќ. Потоа процедете и оставете на ладно место.
Консумирајте по една лажичка на секои неколку часа додека да почувствувате олеснување – доколку веќе сте болни, а ако не сте, тогаш по 5 капки на коцка шеќер секој ден.