Потребни состојки:

200 мл млеко

200 мл јогурт

1 квасец 50 г

900 г брашно

1 јајце

2 лажички шеќер

1 лажичка сол

и уште:

100 г нутела

250 г путер/маргарин

Постапка:

Одвојте малку млеко, загрејте го да биде млако па додадете квасец и шеќер. Оставете да се активира и да надојде.

Во вангла просејте го брашното, додадете млеко, јогурт, јајце, сол и надојдениот квасец. Сите состојки да бидат или замлачени или на собна температура.

Замесете тесто, па оставете го 10-тина минути да одмори.

Направете 2 пати по 6 топчиња од тестото. Секое топче развијте го колку една чинија и врз него изрендајте путер (путерот или маргаринот поделете го на 10 дела, за секоја кора посебно освен за шестата која иде најгоре).

Се редат една врз друга, по шест на две места. Така добивате две лиснати кори.

Оставете малку да одморат, па развлечете го тестото и исечете го на тријаголници. На секој тријаголник ставете лажичка нутела и свиткајте го кроасанот.

Оставете да одморат 1 час, па печете ги во загреана рерна на 200 степени додека за добијат златно кафеава боја.

За прелив: растопете го чоколадото и додадете масло. Добро промешајте и прелијте преку изладените кроасани.

За солена варијанта:

Ја правам истата смеса, со тоа што ставам две полни лажички сол. Одозгора ги премачкувам со шолчка од јајце изматено со малку млекце, па наросувам со сусам или ким.