Ова е рецепт на една традиционална домашна слаткарница, кој не бара многу време, а ќе ги задоволи сите вкусови!
Потребни состојки:
750 г брашно
100 мл масло
4 лажици шеќер
1 јајце
1 жолчка
500 мл млеко
40 г свеж квасец
малку сол
шеќер во прав
1 ванилин шеќер
масло за пржење
Постапка:
Квасецот растопете го во 100 мл топло млеко со малку шеќер и малку брашно, па оставете да се активира.
Додека расте квасецот, изматете го јајцето со остатокот од млекото, шеќерот и малку сол, па додадете го надојдениот квасец. Постепено додавајте брашно и масло со постојано мешање со жица.
Оставете го тестото на топло да се удвои, па премесете го, развлечете кора со дебелина од 1 см, па со чаша или модла вадете кругов
Оставете ги околу половина час уште малку да нараснат, а потоа пржете ги во врело масло ставајќи ги со горната страна во маслото.
Пржените крофни од двете страни, вадете ги на хартиена салветка и наросете ги со шеќер во прав кој претходно сте го помешале со ванилин шеќер.
По желба, со шприц филувајте ги со џем или некој друг сладок крем.