Рецепт и видео презентација на Том Филос – Брз колач кој се топи во уста.

Превкусен колач кој се топи во уста и кој се прави за миг, во вистинска смисла на зборот! Не изискува многу состојки и лесно се подготвува… Освен времето кое е потребно за ладење на колачот, тој се приготвува буквално за 5 минути!

Потребни состојки:

200 г кекси
200 г ореви
200 мл слатка павлака за шлаг
100 мл млеко
200 г чоколадо

За фил:

200 мл слатка павлака за шлаг
300 г наполитанки
чоколадо за наросување

Постапка:

Во подлабок сад искршете ги бисквитите. Оревите ситно издробете ги со помош на оклагија или во блендер, па додадете ги во кршените бисквити и промешајте.

На оган загрејте 200 мл слатка павлака и додадете 100 мл млеко. Штом смесата се затопли, намалете ја температурата и додадете го чоколадото искршено на коцки. Промешајте додека тоа да се растопи и соедини.

Со чоколадниот сируп прелијте ја мешавината од кршени биксвити и ореви. Добро промешајте за да може сирупот рамномерно да се впие, па смесата истурете ја во калап обложен со проѕирна фолија. Може да користите калап по желба, а Том во случајот користи долгнавест а тесен калап кој обично се употребува за ролати или леб. Израмнете добро да се распореди смесата за да нема празни џепови, покријте го колачот и оставете го во фрижидер да се стегне, за време од најмалку два часа.

За фил: Со миксер пенасто изматете 200 мл слатка павлака неколку минути (да биде полутечна). Во подлабок сад искршете 300 г наполитанки и измешајте ги со слатката павлака. Отако ќе ја впијат павлака, смесата нанесете ја врз изладениот колач. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.