Потребни состојки:
300 г бисквити
3 пудинзи од ванила
9 лажици шеќер
1 литар млеко
200 г путер/маргарин
1 ванилин шеќер
4 лажици кисела павлака
4-5 банани
200 мл слатка павлака
Постапка:
Издвојте малку од еден литар млеко за да го промешате со пудинзите, а остатокот ставете го да проврие заедно со шеќерот и ванилин шеќерот. Полека додадете го пудингот со постојано мешање додека да згусне. Во врелиот пудинг додадете го путерот и мешајте да се растопи си соедини. Додадете кисела павлака, а бисквитите искршете ги па и нив ставете ги во топлиот пудинг. Добро измешајте.
Тепсија со средна величина намастете ја со путер, па истурете половина од смесата. Бананите исечете ги на половина по долж, наросете ги со лимонов сок и наредете ги една покрај друга.
Остатокот од смесата истурете го преку бананите, израмнете и оставете да излади.
Кога е целосно изладено, декорирајте со изматена хопла.
recepti.com