Home Здравје Ако циститисот не се лекува, бактеријата Ешерихија коли може да предизвика воспаление...

Ако циститисот не се лекува, бактеријата Ешерихија коли може да предизвика воспаление на бубрезите

Уринарните инфекции се манифестираат како воспаление на: уретрата (уретритис) , мочниот меур (цистит), и на бубрегот( пиелонефритис ). На секој човек во одрeден период од животот може да му се случи појава на уринарна инфекција, а одредени состојби и болести како дијабетес, мултипла склероза и Паркинсонова болест може да бидат ризик фактори за појава на вакви инфекции.

Најчест предизвикувач на уринарни инфекции е бактеријата Escherichia coli која живее во гастроинтестиналниот тракт. Други бактерии кои  предизвикуваат инфекција се стафилококи, протеус, клебсиела, ентерокок и псеудомонас. Одредени инфекции на мочниот меур може да бидат поврзани и со предизвикувачите на сексуално преносливите болести хламидија и микоплазма.

Уринарните инфекции на мочните канали и на мочниот меур се непријатна и болна појава која многу почесто ги засега жените. Ако циститисот не се лечи соодветно Е.coli преку мочоводот може да стигне до бубрегот и да предизвика воспаление на бубрезите (пиелонефритис). Се смета дека секоја петта жена се соочува со уринарна инфекција во одреден период од својот живот.

Главната причина за тоа е женската анатомија, односно малото растојание помеѓу аналниот отвор и уретрата, коешто го олеснува преминувањето на бактерии (најчесто Escherichia coli) кон уринарниот тракт. Исто така, кај жените мочниот канал е многу пократок за разлика од мажите.

Најчести симптоми на инфекција на мочните канали се:

• Болка при мокрење кое оди доста тешко (честопати пациентите велат “само неколку капки”).

• Печење при мокрење, неколку капки крв се појавуваат на крајот на мокрењето.

• Болка или грчеви во долниот дел на стомакот веднаш над срамната коска.

• Температурата на телото обично не е покачена, и ако е, обично не надминува 37,5 ˚C.

• При преглед на пациентот најчесто има само блага чувствителност во долниот дел на абдоменот и тоа во централниот дел

• Течење на урина (уринарна инконтиненција)

• Болка или чувство на печење дури и кога не мокрите

• Матна, темна моч, понекогаш дури со боја која потсетува на млеко

• Јак или непријатен мирис на урината

• Се чувствувате болно, исцрпено или имате треска

• Болка за време на сексуален однос

• Болка во пенисот (кај мажи)

Симптомите на уринарна инфекција кај децата се слични:

• Температура без респираторни симптоми кај доенчиња, детето е иритабилно и општата состојба е афектирана.

• Слабо напредување во телесна тежина, повраќање, често плачење или слаб апетит кај доенчето.

• Симптомите кај постари деца вклучуваат често мокрење, новозапочната енуреза, дизурија и стомачна болка по празнење на меурот.

• Родителот забележува дека урината мириса непријатно

Со оглед на тоа дека рецидивот на уринарните инфекции е честа појава, а нивниот несоодветен третман може да предизвика сериози компликации на уринарниот систем, превенцијата е од клучно значење и за децата и за возрасните. Добрата вест е што тоа можеме да го направиме со потполно природни препарати и честопати да ги избегнеме антибиотиците.

Д-Маноза-број 1 природен агенс во третманот на уринарни инфекции

Д-маноза е едноставна молекула на шеќер што се среќава во растенија како што се боровинки, брусници, праски, портокали и јаболка, и кој 30 години се користи како природен препарат за отстранување на E.Coli од уринарниот тракт.

Токму благодарение на Д-манозата, брусницата е ефикасна во лекувањето на уринарни инфекции. Оваа состојка сега е извлечена од растенијата и во доза од 2 грама (во додатокот во исхрана UriRoyal) е доволна да со E. coli бактериите формира коагрегати кои потоа се ослободуваат од телото со мокрење. Ефектот на Д-маноза е 10 до 50 пати посилен од сок од брусница.

Д-манозата е апсолутно безопасна и може да ја користат бремените жени, децата и дијабетичарите. Овој ефект уште повеќе се засилува и се надополнува со пробиотската габа Saccharomyces boulardii. Таа директно го инхибира растот на патогените и ја зголемува концентрацијата на IgA (противвоспалително дејство).

Таа има леплива надворешна обвивка на која се прикачуваат E. Coli бактериите и на тој начин помага да се отстрани од телото. Со неутрализирање на E. coli во цревата, ја намалува популацијата на таа бактерија во телото и го спречува нејзиното ширење во уринарниот тракт. Препорачана доза на Д-Маноза е 2 гр. на ден да се испие со чаша вода,најмалку седум дена по ред.

Автор: Мр.Фарм.Соња Пецевска